CombiMax инјекција
13.560,00 ден
Краток опис на производот:
CombiMAX се користи кај дегенеративни и остеоартритични промени на зглобовите. Наменет е за брзо намалување на болката, воспалението и подобрување на флексибилноста и функционалноста на зглобот преку подобро подмачкување и регенерирање на зглобната течност.
Детален опис на производот и употреба:
Индикација:
CombiMAX (КомбиМАКС) се користи кај дегенеративни и остеоартритични промени на зглобовите. Наменет е за брзо намалување на болката, воспалението и подобрување на флексибилноста и функционалноста на зглобот преку подобро подмачкување и регенерирање на зглобната течност.
Состав:
Натриум хијалуронат и Хондроитин сулфат во комбинација со помошни супстанции (стерилен раствор за интраартикуларна апликација во претходно наполнат шприц).
Контраиндикација:
Преосетливост на некоја од активните или помошните состојки, локални инфекции или кожни промени на местото каде што треба да се даде инјекцијата, септички артритис и нарушувања со крварење/коагулација.
Дозирање:
Се аплицира исклучиво интраартикуларно (директно во зглобот) од страна на овластен лекар (ортопед/физијатар). Времетраењето на терапијата и зачестеноста се одредуваат според дијагнозата и проценката на лекарот.
Пакување:
1 претходно наполнат стерилен шприц во картонска кутија.


