Политика за враќање на производ / рекламација
Купувачот е должен да укаже оправдана рекламација на производот на следниот начин:
– Телефонски со јавување на тел. број 078333146
– Писмено преку е-Пошта info@eriks.mk
Купувачот има право на рекламација во одредени случаеви:
– Испорачени погрешни производи
– Поминат рок на производи кои се нарачени
– Производи кои имат оштетувања кои настанале при транспорт
Купувачот е должен да го провери надворешност на пакетот пред прием на нарачката за да утврди евентуални оштетувања на нарачката.
ПЗУ Аптека „ЕРИКС“ не врши замена на производи доколку производот не е во оригинално пакување и/или е употребуван, доколку производот е неупотребуван, неотпакуван а притоа има право на рекламација наведена во условите погоре, може да се врати и да се замени.
ПЗУ Аптека „ЕРИКС“ има право да ја менува политиката за враќање / рекламација. Сите промени стапуваат на сила кога ќе бидат објавени на веб страницата, без притоа да ги извести поединечно сете потенциални купувач.