Јаболков оцет 500mg капсули

370.00 ден

Краток опис на производот:

Јаболковиот оцет го регулира метаболизмот и го поттикнува топењето на мастите со што го помага слабењето. Одличен диуретик кој чисти од токсинии, го олеснува дејството на дигестивните ензими.

Нема на залиха

ИЗВЕСТУВАЊЕ: За жал овој производ го немаме на залиха, една од причините е неможноста да биде нарачан од сите релевантни веледрогерии во Македонија. Погледнете што препорачува аптека ЕРИКС како замена и/или поврзани/слични производи.
За повеќе информаци околу достапноста ве молиме контактирајте со нас.

SKU: jo-kapsuli

Детален опис на производот и употреба:

NATURE ESSENTIAL Јаболков оцет

  • Ги уништува штетните бактерии во организмот и делува во процесот на детоксикација
  • Ја контролира борбата со дијабетесот, така што го намалува нивото на шеќер во крвта
  • Ја подобрува работата на срцето, со тоа што го контролира нивото на холестерол и ги чисти артериите
  • Помага при намалување на тежината

Јаболката – силна антиоксидативна моќ

Јаболката се важен извор на антиоксиданси: флавоноиди и феноли. Се наоѓаат на второто место според антиоксидантната активност која ја поседуваат во споредба со другите овошја. Многу антиоксиданси кои се наоѓаат во нив, вклучувајќи го и катехинот, флоринзинот и хлорогенската киселина имаат многу силно дејство. Едно истражување покажува дека 100 грама јаболка имаат еквивалентен антиоксидативен ефект како 1500 милиграми витамин Ц.

Два вида на растителни влакна коишто се содржат во јаболката имаат двојно дејство врз намалувањето на нивото на холестерол, го намалуваат ризикот од стврднување на артериите, срцев и мозочен удар. Нерастворливите влакна во јаболката се лепат за лошиот холестерол во дигестивниот систем и го отстрануваат од телото. Додека растворливото влакно, пектин, го намалува холестеролот во црниот дроб.

Флавоноидите во јаболката се истражувани во голема мера и се покажало дека помагаат во спречување на болести на срцето. Еден од флавоноидите е и кверцетинот кој е моќен антиоксиданс посебно ако се соедини со останатите антиоксиданти од јаболката.

Истражувањата покажуваат дека јаболковиот оцет го намалува влијанието на бактеријата Ешерихија Коли во организмот. Оцетната киселина е главната супстанца во јаболковиот оцет која ги уништува бактериите и го спречува нивното размножување и достигнување на штетни нивоа.

Бенефиции од јаболковиот оцет

Можеби не е богат со изобилство на витамини, но сигурно изобилува со антиоксидантна моќ каква не сте виделе досега.

Јаболковиот оцет и штетните бактерии: Јаболковиот оцет содржи протеини, ензими и добри „бактерии“ кои се корисни за нашиот организам. Така, тој ги уништува патогените бактерии коишто можат да го оштетат организмот. Јаболковиот оцет се користи за детоксикација, дезинфекција и чистење на организмот како од внатрешни така и од надворешни бактерии коишто може да предизвикаат инфекции.

Јаболков оцет, шеќер во крвта и дијабетес тип 2: Јаболковиот оцет има одлично влијание врз концентрацијата на шеќер во крвта. За тоа сведочи Др. Carol Johnston од Arizona State University. Таа го проучувала јаболковиот оцет повеќе од 10 години и верува дека неговиот ефект врз шеќерот во крвта е сличен како резултатот што го дава консумирањето на одредени лекови. Тип 2 дијабетес се карактеризира со покачено ниво на шеќер во крвта, во контекст на инсулинска резистенција или во контекст на неспособност да се произведува инсулин.

Јаболков оцет и кардиоваскуларни заболувања: Кардиоваскуларните заболувања се моментално најчестата причина за појава на смртност. Јаболковиот оцет содржи антиоксиданс наречен хлорогенска киселина кој во многу истражувања покажува дека спречува оксидација на лошиот холестерол. Со тоа, се спречува појавата на слободни радикали, што е причина за најголемиот број на срцеви заболувања. Исто така, истражувањата покажуваат дека јаболковиот оцет има моќност да го регулира високиот крвен притисок.

Јаболков оцет и намалување на тежината: Јаболковиот оцет помага при намалување на тежината од аспект на антиоксиданс кој го прочистува телото од штетни токсини по пат на детоксикација. Една јапонска студија која вклучувала 175 здрави луѓе со прекумерна тежина, поделени во две групи, каде едни внесувале јаболков оцет, а другите не, резултирала со губење на повеќе од 4 килограми.

Начин на употреба:
Како диететски производ се препорачува 3 капсули дневно после јадење