Maybe Baby тест за овулација

1,260.00 ден

Краток опис на производот:

Maybe Baby е тест за овулација за повеќекратна употреба кој може да Ви помогне да забремените. Тестот Ви помага да ги одредите плодните и неплодните денови, односно да дознаете кога овулирате, со што Ви се зголемуваат шансите да забремените.

SKU: 8600102682016

Детален опис на производот:

Што е Maybe Baby?
Maybe Baby е микроскоп за тестирање овулација за повеќекратна употреба кој може да Ви помогне да забремените. Тестот Ви помага да ги одредите плодните и неплодните денови, односно да дознаете кога овулирате, со што Ви се зголемуваат шансите да забремените. Работи на тој принцип што ја открива шарата која се појавува во исушена плунка, а е предизвикана од зголеменото ниво на естрогените хормони за време на овулацијата. Како што се суши плунката, високите нивоа на естроген предизвикуваат појавување на шара во вид на лист од папрат која што лесно може да се забележи преку Maybe Baby мини- микорскопот.

Телото на секоја жена е различно и многу жени немаат циклус кој трае точно 28 дена. Тестот за овулација Maybe Baby е 98% прецизен ако правилно се користи и може да го посочи најплодните период од репродуктивниот циклус , односно Ви кажува дека ќе овулирате 2-3 дена однапред со што се зголемува можноста да забремените.

Maybe Baby™ е едноставен, 98%  прецизен тест наменет за повеќекратна употреба. Има големина на кармин заради кое е многу дискретен и може да се лесно да се пренесува. Тоа е неинванзивен продукт без хемикалии, а резултатите се видливи по 10-15 минути.

За кого е наменет Maybe Baby:

  •     Парови кои сакаат да имаат дете и имаат потреба да знаат кога зачнувањето е најверојатно
  •     Парови кои не сакаат да имаат дете
  •     Парови кои сакаат природен метод на контрацепција за време на плодните денови и за време на плодните денови користат презервативи или се воздржуваат од полов однос.
  •     Парови кои сакаат да го водат нивниот интимен живот без стрес
  •     Парови кои сакаат поголема веројатност од посакуваниот пол на децата кои треба да се родат
  •     Жени кои знаат дека мерење на базалната температура е непрактично, некомфорно и дава податок за завршена овулација
  •     Жени кои сакаат редовно да го пратат својот месечен циклус и работата на своите јајници со цел благовремено да се откријат или спречат можно пореметувања
  •     Жени со неправилен менструален циклус
  •     Жени кои не сакаат да користат хемиски контрацептиви и се плашат од нивното штетно дејство или не ги поднесуваат психолошките промени кои ги предизвикуваат контрацептивите
  •     Жени кои водат неуреден живот
  •     Девојки кои стапуваат во полна зрелост