Pro Kryon female таблети

4.149,00 ден

Краток опис на производот:

Pro Kryon® female е додаток во исхраната со комбинација од омега-3 масни киселини, антиоксиданси, витамини, минерали и растителни компоненти, наменет како нутритивна поддршка на женското репродуктивно здравје и плодноста.

SKU: pro-kryon-female-tableti

Детален опис на производот и употреба:

Pro Kryon female таблети / Pro Kryon® Female

Индикација:
Pro Kryon® Female е додаток во исхраната со комбинација од омега-3 масни киселини, антиоксиданси, витамини, минерали и растителни компоненти, наменет како нутритивна поддршка на женското репродуктивно здравје и плодноста.

Според производителот, се применува како дополнителна поддршка:

  • кај женски инфертилитет
  • во периодот на преконцепција – планирање бременост
  • кај ановулација
  • кај PCOS – синдром на полицистични јајници
  • во процес на ин витро оплодување (IVF).

Состав:
Во 1 обложена таблета (препорачана дневна доза):

  • GOtab® 90/60 (содржи рибино масло) – 150 mg
  • Алфа-липоична киселина – 150 mg
  • Сув водено-етанолен екстракт од кора од кинески црвен бор (Pinus massoniana) – 100 mg, стандардизиран на минимум 95% олигомерни проантоцијанидини (OPC)
  • N-ацетилцистеин (NAC) – 100 mg
  • Коензим Q10 – 30 mg
  • Селен – 55 µg
  • Витамин E – 12 mg α-TE
  • Прав од корен од сладок корен (Glycyrrhiza glabra) – 15 mg
  • Витамин D – 10 µg
  • Фолна киселина – 600 µg.

Производот содржи производи од риба.

Контраиндикација:

Производот не е наменет за:

  • лица помлади од 18 години
  • бремени жени и доилки
  • лица со хронични заболувања на црниот дроб или бубрезите
  • лица со кардиоваскуларни заболувања
  • лица преосетливи на која било од состојките.

Лица кои користат лекови треба да се консултираат со лекар пред употреба поради можни интеракции. Не треба да се употребува истовремено со други производи што содржат витамин D.

Дозирање:
1 таблета дневно.

Пакување:
30 обложени таблети

Заедно со Pro Kryon female таблети најчесто купуваат и: