Selenium 200µg таблети

1.110,00 ден

Краток опис на производот:

HealthAid Selenium 200µg таблети – Селенот е основен елемент во траги кој го користи имунолошкиот систем поради неговите моќни антиоксидантни својства и овозможува одржување на нормално ниво на имунитетот.

SKU: selenium-200-µg-tableti

Производител

HealthAid Logo

Детален опис на производот и употреба:

HealthAid Selenium 200µg / Селен таблети

Селенот е основен елемент во траги кој го користи имунолошкиот систем поради неговите моќни антиоксидантни својства и овозможува одржување на нормално ниво на имунитетот. Тој помага во заштита на клетките од оксидантни оштетувања и придонесува за нормална функција на тироидата  жлезда, одржувањето на здрава коса и нокти и исто така придонесува кон нормална сперматогенеза.

HealthAid Selenium 200µg таблетите се специјално формулирани со користење на натриум-селенат. Оваа форма овозможува посилна апсорптивна  форма на селен и овозможува максимално искористување.

  • Придонесува за нормална сперматогенеза.
  • Придонесува за одржување на нормалната состојба на косата и ноктите.
  • Придонесува за нормално функционирање на имунолошкиот систем и нормално функционирање на тироидната жлезда.
  • Придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.

Селен 200 µг таблетите може да бидат корисни за:

  • Лица кои се изложени на загадување од околината и хемикалии.
  • Пушачи, лица кои пијат прекумерни количини на алкохол.
  • Лица на кои им е потребна поддршка низ процесот на стареење.
  • Лица кои сакаат да го намалат оштетувањето од слободни радикали.
  • Лица кои сакаат да го зачуваат здравјето на срцето и тироидната жлезда.

Предупредување:

Производот не смее да се користи како замена за разновидна исхрана. Ве молиме пред да го земете овој производ да се консултирате со вашиот лекар доколку боледувате од некоја болест, доколку земате лекови, ако сте бремени или доите или пак сте алергични на нешто.

Дозирање и начин на употреба:

  • Возрасните лица и децатa над  12 години  употребуваат една таблета дневно.
  • Возрасните лица може да ја зголемат дозата до две таблети дневно доколку е потребно. Да не се пречекорува препорачаната дневна доза освен доколку тоа не е препорачано од соодветно квалификувано лице.

Пакување:
60 таблети

Заедно со Selenium 200µg таблети најчесто купуваат и: