UroproMAX Female ќеси

1.232,00 ден

Краток опис на производот:

UroproMAX Female® е додаток во исхраната во форма на прашок, специјално формулиран за поддршка на уринарното и вагиналното здравје кај жени, како и за одржување на нормалната урогенитална микрофлора.

SKU: uropromax-female-kesi

Детален опис на производот и употреба:

UroproMAX Female ќеси / UroproMAX Female®

Индикација:
UroproMAX Female® е додаток во исхраната во форма на прашок, специјално формулиран за поддршка на уринарното и вагиналното здравје кај жени, како и за одржување на нормалната урогенитална микрофлора.

Се применува како дополнителна поддршка:

  • при акутни и хронични инфекции на уринарниот тракт
  • при интерстицијален циститис и синдром на болен мочен меур
  • при вагинална дисбиоза поврзана со уринарни инфекции
  • за обновување на микрофлората по антибиотска терапија
  • кај повторувачки уринарни инфекции
  • за поддршка на урогениталната микрофлора во периодот на перименопауза и менопауза.

Состав:
Во 1 ќесичка:

  • D-маноза – 2000 mg
  • Cran d’Or™ TotalPAC – 500 mg – патентирана формулација од брусница
  • N-ацетилцистеин (NAC) – 300 mg
  • Натриум хондроитин сулфат – 250 mg
  • Лиофилизирана култура на корисни бактерии – вкупно 12 × 10⁹ CFU:
  • Lacticaseibacillus rhamnosus CRL1505
  • Lactobacillus reuteri LR92
  • Lactobacillus plantarum LB931.

Дозирање:

  • За профилакса и при акутни инфекции како дополнителна поддршка покрај антибиотик: производителот препорачува употреба најмалку 10 дена, со растојание од најмалку 2 часа од антибиотикот.
  • Кај рекурентни/хронични инфекции, употреба на катетер и хронични проблеми со мочниот меур: се препорачува употреба во период од 6–12 недели.
  • Содржината на 1 ќесичка се раствора во 200 ml вода и се пие веднаш по подготовката. Производителот препорачува употреба пред спиење, на празен мочен меур.

Пакување:
10 ќесички со прашок за орална употреба, со вкус на боровинка.

Заедно со UroproMAX Female ќеси најчесто купуваат и: