Artox 2% инјекција
5.480,00 ден
Краток опис на производот:
Artox 2% (Артокс 2%) 40 mg/2 ml е наменет за третман на болка и намалена подвижност кај дегенерирани (остеоартритис) и посттрауматски оштетувања на зглобовите. Делува како замена за синовијалната течност, ја подобрува амнортизацијата и подмачкувањето на зглобот.
Детален опис на производот и употреба:
Artox 2% (Артокс 2%) 40 mg/2 ml
Индикација:
Третман на болка и намалена подвижност кај дегенерирани (остеоартритис) и посттрауматски оштетувања на зглобовите. Делува како замена за синовијалната течност, ја подобрува амнортизацијата и подмачкувањето на зглобот.
Состав:
Натриум хијалуронат 2% (40 mg / 2 ml), стерилен апироген раствор за интраартикуларна примена.
Контраиндикација:
Преосетливост на натриум хијалуронат или некоја од помошните состојки, инфекции или кожни заболувања на местото на инјектирање, присуство на активен артритис или септички артритис.
Дозирање:
Се аплицира исклучиво интраартикуларно (директно во зглобот) од страна на овластено стручно медицинско лице (ортопед/физијатар). Вообичаено се аплицира 1 инјекција неделно во тек на 3–5 недели, во зависност од проценката на лекарот.
Пакување:
1 претходно наполнат стерилен шприц од 2 ml во картонска кутија.


