Babytol D3 + DHA OMEGA twist-off капсули
583.00 ден
Краток опис на производот:
Babytol D3 + DHA OMEGA капсулите се клучен производ за правилен развој на мозокот, когнитивните и менталните функции, како и за нормален развој на видот, острината на видот и функциите на очите. ДХА омега 3 која е присутна во овој производ е добиена од природни морски алги (најчист извор, висока концентрација).
Детален опис на производот:
Babytol D3 + DHA OMEGA twist-off – Eдна од трите omega-3 масни киселини DHA, е најважна за здрав развој на видот и мозокот на вашето бебе.
DHA е главна структурна компонента на мозокот и ретината и ги сочинува 97 % од сите omega – 3 масни киселини во мозокот, и 93 % од сите оmega –3 во ретината. DHA сочинува 30 % од структурните масти во сивата маса на мозокот.
ДХА омега 3 масната киселина, како главна структурна компонента, има клучна улога во:
- Развој на нервниот систем на детето
- Развој на мозокот, менталните и когнитивните функции
- Подобрување на психомоторните функции кај децата
- Нормален развој на видот, острината на видот и функциите на очите
Треба да знаеме дека DHA оmega – 3 масната киселина во производот е од масло добиено од природни, морски микроалги – најбогатиот извор на DHA масни киселини, со висок квалитет, без мирис и вкус.
Исто така DHA е важна за развојот на видот, мозокот, когнитивните и психомоторните функции на вашето дете, посебно во првата година од животот.
Витаминот D3
Е важен и неопходен витамин, потребен за јаки и цврсти коски и заби на бебето.
Витаминот D3 придонесува за нормална апсорпција и го подобрува искористувањето на калциумот и фосфорот од дигестивниот тракт, така што има улога во нормалната минерализација на коските.
Неопходен е за правилен раст и развој на забите и коските.
Недостатокот на овој витамин може да доведе до развој на кршливи, кревки коски и заболување кое се нарекува рахитис, па се препорачува задолжително надоместување од 400 IE дневно во текот на првата година од животот, а подоцна и во зимските месеци (од октомври до март).
“Twist off” капсула – најкомфорен начин на примена
Точно и прецизно дозирање. Едноставно, завртете, повлечете и отстранете го горниот дел на капсулата, а содржината истиснете ја директно во устата на бебето.
Аптека ЕРИКС препорачува: