Чај од јаболко и цимет

120,00 ден

Краток опис на производот:

Alkaloid Good Nature Чај од јаболко и цимет претставува мешавина на исушени јаболка и кора од цимет, дополнета со шипка и хибискус

SKU: caj-od-jaolko-i-cimet

Производител

Alkaloid Skopje Logo

Детален опис на производот и употреба:

Чај од јаболко и цимет Alkaloid Good Nature

  • Претставува мешавина на исушени јаболка и кора од цимет, дополнета со шипка и хибискус
  • Плодот од јаболко содржи растителни влакна и пектински материи. Кората од цимет, додадена во комбинацијата, го нагласува природниот мирис на јаболко, а воедно му обезбедува и посебен и единствен вкус
  • Овошниот чај Good Nature од јаболко со цимет е особено пријатна и ароматична напивка. Некаде во длабочината на вкусот ќе почувствувате и киселкава нота, која доаѓа од шипката и хибискусот и ја обезбедува свежината на напивката

Состојки:
Плод од јаболко 26%, кора од цимет 25%, арома 18%, цвет од хибискус, плод од шипка, кора од портокал, лимонска киселина.

Приготвување:
Една филтер кесичка се прелива со 200 мл свежо зовриена вода и се остава да отстои 5-10 минути. Приготвениот чај се засладува по желба. Чајот може да се послужи и како ладен напиток.

Да се чува на суво и темно место.

Пакување:
20 ќесички

Заедно со Чај од јаболко и цимет најчесто купуваат и: