Canesten 3 вагинален крем

460.00 ден

Краток опис на производот:

Канестен® 3 вагинален крем 2% се употребува и за лекување инфекции на срамните усни и околното подрачје, инфекција на главата и кожичката на машкиот полов орган што ја предизвикале квасни габи.

SKU: 8606007910063

Производител

Bayer logo

Детален опис на производот и употреба:

ШТО ПРЕТСТАВУВА КАНЕСТЕН® 3 ВАГИНАЛЕН КРЕМ 2% И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

Kлотримазол е дериват на имидазол со антигабично дејство. Клотримазол дејствува врз габите на тој начин што го инхибира создавањето ергостерол, што доведува до структурни и функционални оштетувања на цитоплазматската мембрана.

Канестен® 3 вагинален крем 2% се употребува за лекување инфекции на половите органи (вагинитис) што ги предизвикуваат габи (најчесто CANDIDA) и суперинфекции со бактерии чувствителни на клотримазол.

Канестен® 3 вагинален крем 2% се употребува и за лекување инфекции на срамните усни и околното подрачје, инфекција на главата и кожичката на машкиот полов орган што ја предизвикале квасни габи (кандиден вулвитис и кандиден баланитис).

Како да знам дека е кандидијаза?

  • 6 главни симптоми
  • Чешање
  • Оток
  • Црвенило
  • Необичен исцедок
  • Печење
  • Болка

Кандидијазата обично не го менува нивото на pH и нема мирис, но може да почувствувате болка за време на секс или мокрење.

Без грижи!
Можеби чувството е непријатно, но нема потреба да се плашите. Кандидијазата не е сексуално пренослива болест или сериозна состојба и во повеќето случаи може лесно и ефикасно да се излечи. Исто така, вообичаена е и многу честа – 3 од 4 жени ја добиваат барем еднаш за време на нивниот живот и не е предизвикана од недостаток на хигиена.

Како се користи?
Внесете го вагиналниот крем што е можно подлабоко во вагината, навечер пред спиење. Тоа најдобро ќе го постигнете ако лежите на грб, со малку свиткани нозе.

За лекување на вагинални инфекции
Секоја вечер во текот на 3 непрекинати денови испразнете ја содржината на 1 апликатор (приближно 5 g) во вагината.

За лекување на кандиден вулвитис и кандиден баланитис
Кремот нанесете го во тенок слој со втривање на заболените места, 2- до 3-пати дневно (надворешните полови органи до анусот кај жената, главата и кожичката кај мажите). Лекувањето е обично 1 до 2 недели.

Фрлете го користениот апликатор и темелно измијте ги рацете. Секогаш читајте го Внатрешното упатство за пациентот.

Пакување:
20 грама

Аптека ЕРИКС препорачува: