ChondroMAX инјекција

12.130,00 ден

Краток опис на производот:

ChondroMAX се користи за симптоматски третман на благ до тежок остеоартритис на коленото, како и замена/суплементација на синовијалната течност во зглобот.

SKU: chondromax-injekcija

Детален опис на производот и употреба:

Индикација:
ChondroMAX (ХондроМАКС) се користи за симптоматски третман на благ до тежок остеоартритис на коленото, како и замена/суплементација на синовијалната течност во зглобот. Го подмачкува зглобот, обезбедува механичка поддршка, ја намалува болката, ја подобрува подвижноста и ја штити рскавицата од дополнително трошење.

Состав:
Во 3 ml стерилен раствор: Натриум хијалуронат 60 mg и Хондроитин натриум сулфат 90 mg (во претходно наполнат стерилен шприц).

Контраиндикација:
Преосетливост или позната алергија на натриум хијалуронат, хондроитин сулфат, производи од говедско потекло или бактериски протеини (Streptococcus); присуство на активна инфекција или кожни заболувања на местото на инјектирање; инфекција во самиот зглоб; нарушувања во коагулацијата на крвта или склоност кон крварење.

Дозирање:
Се аплицира исклучиво интраартикуларно (директно во зглобот на коленото) од страна на овластен лекар (ортопед/физијатар). Ефектот од една апликација може да трае од 6 до 12 месеци, по што терапијата може да се повтори според проценка на лекарот.

Пакување:
1 претходно наполнат стерилен шприц за еднократна употреба од 3 ml во картонска кутија.

Заедно со ChondroMAX инјекција најчесто купуваат и: