Collacare Flexy ќесички
Original price was: 1.500,00 ден.1.450,00 денCurrent price is: 1.450,00 ден.
Детален опис на производот и употреба:
Alkaloid Collacare Flexy е додаток во исхраната.
- Со вкус на портокал и ѓумбир кој содржи колаген во комбинација со хијалуронска киселина и витамин Ц
- Со засладувач
Колагенот е составен дел на многу ткива во човечкиот организам, вклучувајќи ги коските, ’рскавиците, кожата, тетивите, крвните садови, непцата и забите, и е неопходен за одржување на нивната нормална структура и функција.
Хијалуронската киселина, исто така, е значаен составен дел на сврзните ткива, епителните ткива и на кожата и ја одржува нивната еластичност. Присутна е во синовијалната течност која служи за подмачкување на зглобовите.
Се употребува за надополнување на потребите за функционални хранливи материи на:
- Зглобовите
- Тетивите
- Коските
Произведено во Полска за Алкалоид АД Скопје.
Состав :
5 г хидролизиран колаген во форма на пептиди, 27.5 мг хијалуронска киселина и 40 мг витамин Ц.
Состав :
1 кесичка
- %ПДВ 50
- Колаген 5 000 мг
- Витамин Ц 40 мг
- Натриум хијалуронат 27.5 мг
Состав :
2 ќесички
- %ПДВ 100
- Колаген 10 000 мг
- Витамин Ц 80 мг
- Натриум хијалуронат 55 мг
Препорачано дневно внесување.
Помошни состојки:
арома: портокал–ѓумбир; регулатор на киселост: лимонска киселина; засладувач: сукралоза.
Препорачана дневна доза:
Возрасни: 1–2 ќесички дневно. Содржината на кесичката треба да се раствори во вода на собна температура.
Мерки на претпазливост:
Да не се надминува препорачаната дневна доза. Производот не треба да се употребува како замена за разновидна исхрана. Прекумерната употреба може да доведе до појава на лаксативен ефект.
Да се чува на температура од 15°C-25°C заштитено од светлина и влага. Да се чува надвор од дофат на мали деца!
Пакување:
30 ќесички.


