Glycovital Female таблети
1.289,00 ден
Краток опис на производот:
Glycovital Female е додаток во исхраната со комбинација од D-chiro-inositol, myo-inositol, Revifast® ресвератрол, манган, фолна киселина и витамин D, наменет како нутритивна поддршка кај жени со синдром на полицистични јајници (PCOS).
Детален опис на производот и употреба:
Индикација:
Glycovital Female е додаток во исхраната со комбинација од D-chiro-inositol, myo-inositol, Revifast® ресвератрол, манган, фолна киселина и витамин D, наменет како нутритивна поддршка кај жени со синдром на полицистични јајници (PCOS).
Според производителот, производот е наменет како поддршка кај ендокрини и метаболички манифестации поврзани со PCOS, како:
- нередовен менструален циклус
- хиперандрогенизам, вклучувајќи акни, хирзутизам и алопеција
- нарушена овулација и женски инфертилитет
- инсулинска резистенција и нарушена толеранција на гликоза
- метаболички нарушувања поврзани со PCOS.
Состав:
Во 1 таблета (препорачана дневна доза):
- D-chiro-inositol – 500 mg
- Myo-inositol – 200 mg
- Revifast® – 80 mg
- од кои trans-resveratrol – 24 mg
- Манган – 4 mg
- Фолна киселина – 200 µg
- Витамин D – 12,5 µg
Производот не содржи глутен и лактоза.
Контраиндикација:
- Производот не е наменет за лица под 18 години, ниту за лица преосетливи на некоја од состојките.
- Да не се употребува истовремено со други производи кои содржат витамин D. Во случај на појава на несакан ефект, употребата треба да се прекине и да се консултира лекар. Производот може да се употребува и во текот на бременоста.
Дозирање:
1 таблета дневно.
Дозата може да се зголеми на 2 таблети дневно по препорака на лекар.
Пакување:
20 таблети.


