Hialurom Tendon инјекција
8.500,00 ден
Краток опис на производот:
Hialurom Tendon (Хиалуром Тендон) е наменет за третман на болка и ограничена подвижност кај заболувања на тетивите (тендинопатии), оштетувања и воспаленија на тетивите и тетивните обвивки (на пр. кај Ахилова тетива, тениски лакот, рамо). Помага во намалување на болката, подобрување на функцијата и подобро лизгање на тетивата
Детален опис на производот и употреба:
Hialurom Tendon (Хиалуром Тендон) 40 mg/2 ml
Индикација:
Наменет за третман на болка и ограничена подвижност кај заболувања на тетивите (тендинопатии), оштетувања и воспаленија на тетивите и тетивните обвивки (на пр. кај Ахилова тетива, тениски лакот, рамо). Помага во намалување на болката, подобрување на функцијата и подобро лизгање на тетивата.
Состав:
Натриум хијалуронат (Na-hyaluronate) 40 mg/2 ml (2%), Манитол 10 mg/2 ml, стерилен физиолошки раствор (средство за отстранување на слободните радикали).
Контраиндикација:
Преосетливост на некоја од компонентите (натриум хијалуронат или манитол), присуство на инфекција или кожни заболувања на местото на инјектирање. Не е наменет за интраартикуларна (во зглоб) или интраваскуларна апликација.
Дозирање:
Се аплицира перитендинозно (околу тетивата) или во тетивната обвивка од страна на стручно медицинско лице. Вообичаено се аплицираат 2 инјекции со пауза од 1 недела меѓу нив (во зависност од проценката на лекарот).
Пакување:
1 претходно наполнат стерилен шприц од 2 ml во картонска кутија.


