Детален опис на производот:
L-Carnitine учествува во преносот на масни киселини низ липидната фаза на мембраната на митохондриите каде се одвива негова бета оксидација и ослободување на енергија.
L-Carnitine има битно влијание врз процесот на оксидација на масните киселини и добивање на енергија во облик на ATP (adenozin trifosfat), кој дава неопходна енергија на организмот, а посебно на скелетните мускули и срцевиот мускул.
Во случај на дефицит на Л-карнитин во организмот, мастите не се искористуваат за создавање на енергија, туку се повеќе се таложат во вид на поткожно масно ткиво. Покрај зголемените масни наслаги, недостаток на Л-карнитин предизвикува и замор. Во текот на спортските активности Л-карнитин го зголемува енергетското ниво и прагот на издржливост на организмот и му помага да го преброди тренингот.
Телото повеќе користи масти за добивање на енергија, со што го штеди гликогенот и се редуцира насобирање на млечна киселина во мускулите, а со тоа се продолжува и зголемува капацитетот на вежбањето пред појава на замор.
Л-карнитин го подобрува тонусот на срцевиот мускул и функцијата на срцето, го стимулира снабдевањето на срцето со енергија и ја подобрува работата на кардиоваскуларниот систем.
Л-карнитин ја стимулира секреторната функција на панкреасот и покажува позитивно влијание врз сперматогенезата и подвижноста на сперматозоидите.
Придонесува:
- Во согорувањето на телесните масти
- Го зголемува енергетското ниво на организмот
- Во смалувањето на количеството на млечна киселина во мускулите
- Во зголемувањето на издржливоста и одлагањето на заморот на мускулите
- За подобар квалитет на сперматозоидите
- Во правилната функција на срцевиот мускул
Состав:
1 капсула просечно содржи 500 mg L carnitine -1 тартарат
Употреба:
1 капсула 20 до 30 минути пред тренинг и 1 непосредно пред тренинг за спортисти и рекреативци. Доколку се зема како помош при слабеење, се зема 1 капсула 60-90 минути по јадење. По месец дена користење се препорачува да се направи пауза.