Ashwagandha капсули

1,470.00 ден

Краток опис на производот:

Ashwagandha истовремено го опушта организмот (седатив) и ја подига енергијата и имунитетот (тоник). Ашваганда е адаптоген, што значи дека се прилагодува на секој организам индивидуално.

SKU: 733739046031

Бренд

NOW Logo

Детален опис на производот:

Ashwagandha е една од најпознатите ајурведарски билки која припаѓа во категоријата на подмладување на организмот. Користена во Индија пред 1000 години како тоник за подмладување на организмот, адаптогена билка и добар афродизијак.

Ashwagandha (withania somnifera) е грмушка со средна големина, која достигнува најмногу 1,70 м висина и дава мал црвен плод. Расте во топли климатски услови, а потеклото е од северно источниот дел на Индија.

Оваа билка уште се нарекува зимска цреша или индиски жен шен. Буквално значи “ мирис на коњ” (ashwa – коњ, gandha – мирис) бидејќи тоа е билка која дава виталност и сила на коњ.

Содржи многу активни состојки од кои главни се алкалоиди и стероидни лактони.

Основни карактеристики:

  • Истовремено го опушта организмот (седатив) и ја подига енергијата и имунитетот (тоник).
  • Ашвагандата е адаптоген, што значи дека се прилагодува на секој организам индивидуално.
  • За мажите е добар афродизијак, го јакне сексуалниот потенцијал, ги балансира машките полови хормони, потикнува број и подвижност на сперматозоидите и така поволно делува во регулирање на проблемите со машката неплодност.
  • Ги регулира дишните проблеми – ги ојакнува белите дробови, ја смирува астмата, кашлањето, алергиските реакции при пад на имунитетот.
  • Го подобрува здравјето на срцето намалувајќи го холестеролот и триглицеридите.
  • Користи кај многу спортисти бидејќи на природен начин го јакне мускулниот тонус и го намалува воспалението на мускулите.
  • Корисна за деца кои слабо добиваат на тежина
  • Ублажува автоимуни болести, реуматоиден и остеоартритис.
  • Се препорачува во случај на хиперактивност кај возрасни и деца т.е АДХД симптоми.

Ашвагандата е чудесна билка со многу широк спектар на дејство:

  • Дигестивен тракт – подобрува апетит и дигестија, помага кај грчеви во желудник
  • Кардиоваскуларен состав – делува како тоник за срце, ефикасен кај хипертензија. Се препорачува кај висок крвен притисок, стимулира работа на срцето и подобрува циркулација на крвта.
  • Респираторен состав – поволно делува на респираторните органи, се препорачува кај астма и белодробни болести.
  • Нервен систем – ја зголемува отпорноста на стрес и и замор. Делува смирувачки на ендокриниот, кардиоваскуларниот и централниот нервен систем. Се користи за ублажување на стрес, анксиозност и несоница. Влијае на подобрување на состојбата на различни неуродегенеративни болести како што се Алцхајмерова и Паркинсонова болест.
  • Мозок – стимулира работа на мозокот, памтење и концентрација. Се користи за ревитализација на мозокот, кај Алцхајмерова болест и проблеми со памтењето.
  • Ендокрин систем – содржи алкалоиди кои се ефикасни кај нормализирање на работата на хормоните во организмот.
  • Репродуктивни органи – позната е како афродизијак, го зголемува либидото кај мажите и жените, го подобрува квалитетот и бројот на сперматозоидите кај мажите. Стимулира работа на женските репродуктивни органи, намалува воспаление и ја зголемува плодноста.
  • Кожа – поволно влијае на состојбата на кожата. Се користи кај егзема, лузни и псоријаза.
  • Имун систем – го јакне имунитетот и ја зголемува отпорноста на организмот на инфекции, го штити организмот од вируси, бактерии и паразити.
  • Подмладување на организмот – се користи како тоник за виталност и долговечност, ја зголемува издржливоста и силата на организмот.
  • Антиканцероген ефект – се користи за превенција и лечење на рак.
  • Антиоксидант – успешно се бори со слободните радикали и го успорува процесот на стареење на организмот.
  • Антиреуматик – поседува антивоспалителни својства, поради што е ефикасна во лекување на артритис и други реуматски болести, намалува воспаление, отеченост и болка во зглобовите.

Помага:

  • кај стрес и хроничен замор
  • Регулира ниво на хормони
  • Олеснува симптоми на менопауза
  • Го јакне организмот
  • Зголемува виталност и долговечност

Напомена:
Производот не се препорачува кај бремени жени и доилки. Не се препорачува земање на ашваганда ако користите кортикостероиди или лекови за штитната жлезда.

Кога е во прашање билен препарат од природно потекло, има благо или целокупно делување кое не само што ги отстранува моменталните проблеми туку доведува и до трајни промени и подобрување на општата состојба на организмот. Поради тоа е потребно да се зема подолг временски период, најмалку 3-4 месеци.

Употреба:
Земете  1 капсула 2-3 пати дневно