Hawaiian Spirulina 500 mg таблети
3,240.00 ден
Краток опис на производот:
Hawaiian Spirulina е еден од најбогатите и најкомплетни извори на хранливи материи во светот. Оваа модро-зелена алга зачудува многу нутритивни експерти, што се должи на нејзината разновидност на основните нутриенти. Од голем интерес се ретките концентрации на растителни протеини, каротени, хлорофил и фикоцијанин, биоактивен Б12, гама линоленска киселина и минерали. Безцелулозниот клеточен зид на Hawaiian Spirulina е високо сварлив и нутриентите лесно се апсорбираат.
Детален опис на производот:
Hawaiian Spirulina – Спирулина е модро-зелена микроалга која се консумирала уште од времето на древните Ацтеки. Таа содржи извонредна комбинација на преку 100 важни хранливи состојки. Тие се во својата изворна форма, без додатоци. Идеална за сите оние кои сакаат целосен прехранбен додаток наместо вештачки извори на храна.
- 65% лесно сварлив протеин
- 23 пати повеќе железо од спањаќот
- 25 пати повеќе бета-каротен од морковот
- 5 пати повеќе калциум од млекото
- енергија за сите возрасти
ЗОШТО ЛУЃЕТО ЈА УПОТРЕБУВААТ HAWAIIAN SPIRULINA И ЈА НАРЕКУВААТ СУПЕР ХРАНА?
- Најдобар природен извор на биолошко железо (65 пати повеќе од спањаќот) и селен
- 35 пати поголема концентрација на бета каротен од морковот
- 3 пати повеќе витамин Е отколку во пченичните ‘ркулци
- 65% лесно сварлив комплетен протеин со сите есенцијални амино киселини во совршена рамнотежа (2 пати повеќе протеини од сојата и 3 пати од рибата)
- Витамини од групата Б, особено Б-12, Б-1 (тиамин) и Б-3 (ниацин)
- Најбогат извор на Гама линоленска киселина во природен облик, која ја нема во традиционалната исхрана (ја има уште само во мајчиното млеко)
- 10 пати повеќе калциум од млекото
- Единствен извор на антиоксидантот фикоцианин
- Содржи повеќе ензими во однос на други слични производи, особено Супер оксид дисмутаза
- 95% искористеност на хранливите состојки
- Без маснотии
ЧИСТА ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА КОРИСНА ЗА СЕКОГО
Консумирањето Hawaiian Spirulina се препорачува за сите возрасти. Hawaiian Spirulina е најиспитуван производ – 35 години меѓународни научни истражувања
ЗОШТО ДА ЈА КОРИСТИТЕ SPIRULINA PACIFICA ОД NUTREX?
Hawaiian Spirulina е единствена која е атестирана како природно одгледувана и произведена алга. Единствено Hawaiian Spirulina се суши со патентиран метод на океанско ладно сушење, кој комбиниран со ладното компримирање на таблетите без додатоци на масти и без топлинска обработка и стаклената амбалажа, обезбедуваат супериорен производ.
Хавајски квалитет – Вие и самите ќе ја почувствувате разликата!
Достапно во пакување од 200 и 400 таблети од 500 mg
Аптека ЕРИКС препорачува: