LaxyMAX ќеси
769,00 ден
Краток опис на производот:
LaxyMAX® е додаток во исхраната со комбинација од пробиотски бактерии, пребиотик Bimuno® GOS, лактитол (OsmoAID®) и црна бозел, наменет за поддршка на нормалната функција на цревата и одржување на балансирана цревна микрофлора.
Детален опис на производот и употреба:
Индикација:
LaxyMAX® е додаток во исхраната со комбинација од пробиотски бактерии, пребиотик Bimuno® GOS, лактитол (OsmoAID®) и црна бозел, наменет за поддршка на нормалната функција на цревата и одржување на балансирана цревна микрофлора.
Производот е наменет како поддршка кај:
- забавена цревна пасажа и мотилитет
- нередовна столица и склоност кон опстипација
- синдром на иритабилно црево (IBS), проследен со грчеви, абдоминална непријатност и чувство на нецелосно празнење
- нарушена цревна микрофлора
- малабсорпција и интолеранција на одредени видови храна.
Состав:
Во 1 ќесичка (препорачана дневна доза):
Мешавина од корисни бактерии – 76,33 mg (20 × 10⁹ CFU):
- Lactobacillus rhamnosus CRL 1505
- Bifidobacterium animalis subsp. lactis BLC1
- Lactobacillus helveticus SP27
- Lactobacillus casei BGP93
- Lactobacillus plantarum 14D
- Bimuno® прашок (GOS) – 1830 mg
- Сок од плод на црна бозел (Sambucus nigra) – 100 mg
- Лактитол (OsmoAID®) – 1000 mg
Дозирање:
Возрасни и деца над 12 години: 1 ќесичка LaxyMAX® дневно да се раствори во чаша вода и да се испие.
Пакување:
10 ќесички со прашок за орална употреба, со вкус на боровинка.


