The Ordinary маска за лице со салицилна киселина 2%
1.157,00 ден
Краток опис на производот:
The Ordinary Salicylic Acid 2% Face Mask – Маска за лице со салицилна киселина 2% за масна кожа склона кон неправилности, со запушени пори и неправилна текстура.
Детален опис на производот и употреба:
The Ordinary Salicylic Acid 2% Face Mask – Маска за лице со салицилна киселина 2% за масна кожа
- За масна кожа склона кон неправилности, со запушени пори и неправилна текстура
- На база на јаглен и глина која помага во подобрувањето на текстурата на кожата
- По нанесувањето, лицето е чисто и освежено
- Салицилната киселина е липофилна бета хидрокси киселина. Позната по своите својства за чистење на порите
- Маската овозможува длабинско чистење и отстранување на вишокот мртви клетки и вишок маснотии од кожата
- Глината и јагленот ги апсорбираат нечистотиите што можат да ги затнат порите
- Без парфем
Употреба:
Нанесете ја маската рамномерно на цело лице навечер, двапати неделно, на чиста и сува кожа. Избегнувајте ја зоната околу очите. Не користете на иритирана или оштетена кожа. Оставете ја маската на лицето 10 минути, а потоа исплакнете со млака вода.
Забелешка:
Бета хидрокси киселините можат да ја зголемат чувствителноста на кожата на сонце и да ја зголемат можноста за изгореници. Користете крема за сончање и избегнувајте директна сончева светлина една недела по нанесувањето. Не користете во комбинација со следниве препарати: бакарни пептиди, директни киселини, директен витамин Ц, Euk, ниацинамид во прав, пептиди, ретиноиди.
Пакување:
50 ml


