Детален опис на производот:
Vendoksin капки, традиционален хербален лек наменет за лекување и олеснување на симптомите на хронична венска инсуфициенција како што се проширени вени на нозете, тромбофлебитис, отоци, чувство на тежина и болка во нозете.
Вендоксин капките се употребуваат и за третман на хемороиди, односно варикозитети на внатрешни и надворешни вени на завршниот дел на дебелото црево.
Вендоксин е произведен со оригинална технологија како традиционален хербаленлек, а како главна активна состојка содржи екстракт од семе на див костен, што е клинички докажано дека делува антиедематозно (против отоци), вазопротективно (ги зајакнува ѕидовите на венските садови, ја намалува нивната пропустливост), антиинфламаторно (против воспалување) и анестетичко (против болки).
Вендоксинот ги зајакнува зидовите на венските крвни садови, ја намалува чувствителноста и пропустливоста на капиларите, го зголемува и забрзува протокот на крв низ периферните крвни садови, особено на ниво на микроциркулација и тоа венскиот дел на капиларното корито така да овозможува подобро снабдување на кислород до ткивата;
Може да ја намали болката кај диабетична полинеуропатија како последица на промените во крвните садови на нозете. Вендоксин капките ги подобруваат реолошките својства на крвта, ја намалуваат наклонетоста на тромбоцитите кон слепување и ја подобруваат флексибилноста на еритроцитите.
Исто така, ја зголемува фибронилитичката активност на плазмата, со што се намалува можноста за создавање на тромбови. Спречува појава на нов и го намалува веќе присутниот оток, ја олеснува болката и чувството на умор и тежина во нозете, особено во услови на долго мирување во постела (вкочанетост, по скршеници, траума, нагмечување, повреди во спортот).
Начин на употреба:
Се препорачува 3 до 4 пати дневно по половина лажичка (2,5 ml) со малку вода. Пред употреба да се протресе.
Пакување:
50ml Шише