Viranto forte сируп

625.00 ден

Краток опис на производот:

VIRANTO Forte сирупот фикасно помага во зајакнување на имунитетот, ги ублажува и скратува симптомите на настинка и грип, ги помага функциите на дишење и го олеснува дишењето.

SKU: 8606107509358

Детален опис на производот:

VIRANTO Forte е сируп кој претставува природно решение за третман на настинка и грип.

VIRANTO Forte for you е граничен производ кој содржи екстракт од корен на африкански пеларгониум и екстракт од плод на црн бозел кои со своето заедничко (синергистичко) дејство ефикасно помагаат во зајакнување на имунитетот, ги ублажуваат и скратуваат симптомите на настинка и грип, ги помагаат функциите на дишење и го олеснуваат дишењето.
VIRANTO Forte for you содржи и цинк, витамин Д, бакар, витамин Ц од плод на ацерола и од плод на шипка, кој дополнително влијаат на зајакнување на имунитетот и зголемување на одбрамбените способности на организмот.

Сирупот VIRANTO FORTE  треба да се примени веднаш, во рок од 2 часа по појава на првите симптоми на настинка и грип.

Почитувани родители, Ви препорачуваме да го имате VIRANTO FORTE во Вашиот дом за да можете да го примените веднаш штом ќе се појават првите симптоми на вирусната инфекција.

Производот не е наменет за деца помали од 1 година.
Viranto Forte делува антивирусно така што спречува врзување на вирусот за рецепторите на клетките. На тој начин директно го блокира влегувањето на вирусот во клетката.

Доколку сепак вирусот влезе во клетката, Viranto Forte го спречува размножувањето на вирусот во клетките и негово понатамошно ширење во организмот.

  • Ги смалува и ублажува симптомите на вирусна инфекција: кашлање, болка во грлото, непрооден нос, блокирани синуси, температура
  • Овозможува брзо опоравување од вирусни респираторни инфекции
  • Делува на дишните патишта и го олеснува дишењето – го разредува секретот и помага во неговото исфрање
  • Го забрзува оздравувањето и смалува изостанување од училиште или работно место

Делува и антибактериски – спречува настанување на бактериска суперинфекција и ја смалува употребата на антибиотици.

Состав:
Екстракт од корен на африкански пеларгониум, екстракт од плодовите на бозел и ацерола, екстракт од шипка, цинк, витамин Д и бакар.
Состав на активни компоненти во 10 мл

  • Екстракт од корен на африкански пеларгониум (Pelargonium sidoides), DER 3-7:1 – 35,0 мг
  • Сув екстракт од плод на бозел (Sambucus nigra), DER 10:1 / стандардизирано на 10% полифеноли – 200,0 мг / 20,0 мг
  • Екстракт од плод на ацерола (Malphigia punicifolia) / стандардизирано на 25% витамин Ц – 120.0 мг / 30,0 мг
  • Екстракт од плод на шипка (Rosa canina) / стандардизирано на 70% витамин Ц – 86,0 мг / 60,2 мг
  • Цинк (cink laktat) – 5,5 мг
  • Бакар (бакар-глуконат) – 0,55 мг
  • Витамин Д (холекалциферол) – 10 мкг

Помошни супстанции:
сахароза, Л-аскорбинска киселина и лимонска киселина (регулатори на киселоста), арома на јагода

Употреба:
Препорачана дневна доза за деца од 1 до 3 години е 10 мл. Се препорачува употреба на сирупот 2 пати дневно по половина од дневно дефинираната доза и тоа наутро и навечер. На капачето има градуирана пластична чаша за дозирање на сирупот. Пред употреба протресете го шишето. Доколку детето е потешко од 40 кг тогаш препорачаната дневна доза е 15 мл, поделено на 2 еднакви дози, наутро и навечер.

Мерки на претпазливост:
Да се чува во оригиналното пакување, на суво и темно место, на температура до 25°С, заштитено од директна светлина. По отварање шишето да се чува во фрижидер. Да се употреби во рок од 1 месец по отварањето. Производот не треба да го употребуваат лица преосетливи на некои од состојките. Производот не е наменет за деца под 1 година. Препорачаната дневна доза на граничниот производ VIRANTO Forte for you! не смее да се надмине.
Граничниот производот VIRANTO Forte for you! не смее да се користи како замена за разновидна и избалансирана исхрана. Граничниот производ не е наменет за лекување!

Потребно е внимание при употреба на производот кај лица кои имаат дијабетес заради високата содржина на шеќер, како и кај лица кои имаат вродена или стекната склонот кон крварење. Употребувајте го производот под медицински надзор.

Ако забележите некое несакано дејство информирајте го Вашиот лекар или фармацевт.

Пакување:
100 ml