Aqua Maris Baby спреј за нос

290.00 ден

Краток опис на производот:

Aqua Maris Baby спреј за нос – Изотонична морска вода богата со соли и олигоелементи, ги измива бактериите, вирусите и нечистотиите од носот на бебето

SKU: 3856013234690

Производител

Jadran galenska laboratorija logo

Детален опис на производот и употреба:

Aqua Maris Baby спреј за нос

Состав
Растворот содржи морска вода од Јадранско Море богата со соли и олигоелементи.Олигоелeментите присутни во растворот имаат важна улога во одржување на нормална функција на слузницата на носот што овозможува проодност на горните дишни патишта.

Без конзерванси.

Кога и како да се користи Aqua Maris® Baby спрејот за нос?

Aqua Maris® Baby co анатомски апликатор посебно е прилагоден на носниците на новороденчињата, го олеснува отстранувањето на насобраниот секрет, ги елиминира инфективните честички, прашината, алергените и нечистотиите. Со тоа се одзатнува носето, истовремено се навлажнува и обновува  слузницата на носот.

Aqua Maris® Baby спрејот за нос се препорачува:

  • за секојдневна хигиена на носот,
  • пред доење или хранење со шишенце,
  • при настинки и алергии,
  • како помош при воспаление на уво, заедно со останатата терапија препорачана од лекар,
  • при сувост на носот поради престој во климатизирани или силно загреани простории
  • пред употреба на лекови (капки или спрејови) за нос.

Aqua Maris® Baby спрејот за нос се распрскува во секоја носница 2-6 пати дневно, а по потреба и повеќе.

По употреба, апликаторот треба да се измие и исуши.

За омекнување и отстранување на поголеми количини на нечистотии и секрет од носната шуплина Aqua Maris® Baby спрејот за нос треба обилно да се распрска во секоја носница. Постапката може да се повторува додека содржината не омекне така што може лесно да се отстрани од носот.

Бидејќи Aqua Maris Baby ja поддржува физиолошката состојба на слузницата и нема системски дејства, прикладен е од најрана возраст. Погоден е за секојдневна употреба. Поради хигиенски причини секој производ би требало да го користи само едно лице.

Намена
Дишењето низ нос е единствениот исправен начин на дишење, што е особено важно за растот и развојот на детето, поради тоа на хигиената на носот треба да се внимава уште од раѓање.

Сув нос, насобрана нечистотија, секрет или оток на слузницата ќе ја намали проодноста на носот и кај детето ќе предизвика немир, плачливост и раздразливост што ќе го наруши мирниот сон и хранење.

Затнат нос за време на настинка или алергија може да се одрази и на здравјето на целокупниот систем за дишење. Морската вода богата со минерали и олигоелементи благотворно делува на слузницата на носот, потпомагајќи ги природните механизми на нејзино чистење.