Becutan KIDS VITS Anti Colic капки
310.00 ден
Краток опис на производот:
Becutan KIDS VITS Anti Colic капките против грчеви се медицинско средство кое се употребува кај новороденчиња за намалување на грчеви, гастроинтестинална подуеност и/или диспептични нарушувања.
Нема на залиха
ИЗВЕСТУВАЊЕ: За жал овој производ го немаме на залиха, една од причините е неможноста да биде нарачан од сите релевантни веледрогерии во Македонија. Погледнете што препорачува аптека ЕРИКС како замена и/или поврзани/слични производи.
За повеќе информаци околу достапноста ве молиме контактирајте со нас.
Детален опис на производот и употреба:
Becutan KIDS VITS Anti Colic капки
Состав
Симетикон во маслиново масло, витамин А, витамин Е и коензим Q10.
Фармацевтска форма
Капки за орална употреба, маслена емулзија.
Индикации
Becutan KIDS VITS против грчеви е медицинско средство индицирано за терапија на:
- грчеви кај бебиња, деца и кај возрасни лица
- гастроинтестинална подуеност
- диспептични нарушувања
Дозирање и начин на употреба
- Единечна доза: 20 капки од Becutan KIDS VITS против грчеви содржат 40 mg симетикон.
- Возрасни лица: 20 – 40 капки, по можност растворени во течност, пожелно е да се земаат по оброците, 2 – 4 пати на ден или согласно со препораките од докторот.
- Деца: 20 капки, по можност растворени во течност, пожелно е да се земаат по оброците, 1 – 3 пати на ден или согласно со препораките од докторот.
- Бебиња: 20 капки, по можност растворени во течност, пожелно е да се земаат по доење или по оброк, 1 – 2 пати на ден или согласно со препораките од докторот.
- Пред употреба шишето треба добро да се протресе.
- Производот не треба да се користи доколку изминат повеќе од 30 дена од отворањето.
Пакување
Стаклено повеќедозно шишенце со 30 ml маслена емулзија, капалка и упатство за пациентот.