Black Up гел после сончање

320,00 ден

Краток опис на производот:

Black Up гел за по сончање со разладувачки ефект ја смирува и ја тонизира кожата по сончањето. Содржи ментол, екстракт од овес и екстракт од алое вера.

SKU: black-up-gel-posle-soncanje

Бренд

BLACKUP logo

Производител

Alkaloid Skopje Logo

Детален опис на производот и употреба:

Black Up гел после сончање – ја смирува и ја тонизира кожата по сончањето. Содржи ментол, екстракт од овес и екстракт од алое вера.

Ментолот претставува монотерпен, за кој е утврдено дека дејствува врз нервните завршоци со активација на протеинот TRPM8, познат како рецептор за ладно, и на тој начин обезбедува пријатно чувство на ладење по нанесувањето.

Екстрактот од овес содржи бета-глукан, кој создава тенок филм на кожата и истовремено продира во нејзините долни слоеви, каде што ја дава потребната влажност, а протеините што ги содржи го одржуваат нејзиниот природен изглед.

Екстрактот од алое вера е богат извор на витамини (А, Б6, Ц, Е) и на минерали (Mg, Zn, Na, Cu, K), кои го стимулираат формирањето колаген и со тоа ја обновуваат оштетената кожа.

  • Брзо се апсорбира и не ја мрси кожата и облеката.
  • Дерматолошки тестиран.
  • Наменет е за сите типови кожа.

Начин на употреба:
се нанесува во тенок слој, рамномерно, на чиста и сува кожа, по сончањето. Доколку е потребно, постапката може да се повтори.

Пакување:
150 ml

Заедно со Black Up гел после сончање најчесто купуваат и: