Black up Млеко за сончање SPF 30

450,00 ден

Краток опис на производот:

Млеко за сончање Black up SPF 30 – млекото во спреј Black up SPF 30 е погодно за целото семејство. Овозможува висока заштита на кожата од штетното УВ-зрачење при секојдневното изложување на сонце, особено во летниот период.

SKU: black-up-mleko-za-soncanje-spf-30

Бренд

BLACKUP logo

Производител

Alkaloid Skopje Logo

Детален опис на производот и употреба:

Млеко за сончање Black up SPF 30 – млекото во спреј Black up SPF 30 е погодно за целото семејство.

Овозможува висока заштита на кожата од штетното УВ-зрачење при секојдневното изложување на сонце, особено во летниот период.

Комплексната формулација на новиот производ се заснова на употреба на висококвалитетни, фотостабилни хемиски УВ-филтри со широк спектар на дејство, кои ги апсорбираат сончевите УВА- и УВБ-зраци.

Млекото содржи  внимателно избрани состојки кои обезбедуваат подобра дистрибуција на заштитните филтри на површината на кожата, а со тоа овозможуваат лесна и практична апликација на производот.

Млекото дополнително е збогатено со глицерин, кој потпомага во одржувањето на природната хидратација на кожата, и со витамин Е. Витаминот Е со своето антиоксидативно дејство ја појачува ефикасноста на заштитните филтри преку намалување на процесот на формирање на слободните радикали, кои се последица на изложувањето на штетните УВ-зраци, го стимулира процесот на заздравување и на регенерација на кожата и влијае врз заштитата и врз одржувањето на природниот липиден баланс на кожата.

  • Клинички тестиран
  • Само за надворешна употреба

Начин на употреба:
нанесете обилно на сува кожа 15 минути пред изложување на сонце и повторно аплицирајте, особено по потење, пливање или по бришење со пешкир. Со нанесување помала количина од производот значително се намалува нивото на заштита. Бебињата и малите деца да не се изложуваат директно на сонце.

Избегнувајте предолго изложување на сонце, дури и при употреба на производ за заштита од сончевите зраци, бидејќи тоа претставува сериозен ризик за здравјето.

Пакување:
270 ml

Заедно со Black up Млеко за сончање SPF 30 најчесто купуваат и: