BOMELINN таблети

929,00 ден

Краток опис на производот:

Bomelinn® е додаток на исхраната кој содржи бромелаин, патентирана комплексна смеса на протеолитички ензими изолирани од кора на ананас (Ananas comosus) со уникатна јачина од 2500 GDU/g (желатин растворачки единици на грам).

SKU: bomelinn-tableti

Производител

INNventa Logo

Детален опис на производот и употреба:

Bomelinn® таблети 500 mg – Патентирана формулација на бромелаин, моќен ензим против воспалителни процеси.

Bomelinn® е додаток на исхраната кој содржи бромелаин, патентирана комплексна смеса на протеолитички ензими изолирани од кора на ананас (Ananas comosus) со уникатна јачина од 2500 GDU/g (желатин растворачки единици на грам).

Механизам на дејство

Бромелаинот ја инхибира синтезата на брадикинин и го смирува воспалението. Противвоспалителните ефекти на бромелаинот врз постоперативната болка и отокот на лице се позначајни во споредба со противвоспалителната активност на серапептазата. Во комбинација со конвенционалната терапија бромелаинот остварува корисна улога за смалување на болката и смирување на воспалението.

  • Противвоспалително дејство
  • Аналгетско дејство
  • Антиедематозно дејство
  • Фибринолитичко дејство
  • Муколитичко дејство
  • Имуномодулаторно дејство
  • Терапевтски ефекти
  • Смирување на болка, ублажување на оток и воспаление
  • Забрзување ресорпција на отоци и хематоми
  • Подобрување подвижност на зглобовите
  • Разградба на мукус и намалување на симптомите поврзани со заболувањето
  • Подобрување пенетрација на антибиотици во воспаленото ткиво, преку разградба на биофилм
  • Намалување доза на аналгетици
  • Побрзо закрепнување после повреди и подобрен квалитет на живот
  • Патентирана формулација

Bomelinn®, добиен од кора на ананас по пат на уникатен заштитен процес со повеќекратна водена екстракција. Специфичната технологија на производство ја спречува денатурацијата на ензимите и разградбата на активните состојки на бромелаин и после поминувањето низ гастроинтестиналниот тракт. Протеолитичките фрагменти од патентираната формулација остваруваат противвоспалителна активност пред и после симулација на гастро-интестинално варење, без потреба од користење на технологија за ентерично обложување (гастрорезистентна капсула или таблета).

Зошто Bomelinn®?

  • Ја смалува болката, ги смирува отокот и воспалението
  • Ја забрзува ресорпцијата на отоци и хематоми
  • Го забрзува закрепнувањето после траума или интервенција
  • Го подобрува квалитетот на живот
  • Комплементарна терапија со антибиотици и аналгетици
  • Комфорна примена – 1 таблета на ден

Напомена и предупредување:

Препорачаната дневна доза не смее да се надминува. Производот не е наменет за лица под 18 години, бремени жени и доилки, како ни за лица преосетливи на било која состојка на производот. Лицата кои користат лекови, пред употреба потребно е да се консултираат со лекар. Посебно внимание е потребно кај лица кои се на терапија со антикоагуланси и антиагрегациски лекови.

Индикации и дозирање:

  • Максимален период за употреба во континуитет изнесува 6 месеци.

Индикација-Дозирање:

  • Остеоартритис – 1 таблета дневно, помеѓу оброци, во текот на 1 месец.
  • Ревматоиден артритис – 1 таблета дневно, помеѓу оброци, во текот на 1 месец.
  • Спортски повреди – (фрактури, исчашувања) 1 таблета дневно, помеѓу оброци, во текот на 2 недели.
  • После хируршки интервенции – 1 таблета дневно, помеѓу оброци, во текот на 2 недели.
  • Ринитис, синузитис, бронхитис – 1 таблета дневно, помеѓу оброци, во текот на 2 недели.
  • Стоматолошки интервенции – 1 таблета дневно, помеѓу оброци, во текот на 2 недели.
  • Маститис – 1 таблета дневно, помеѓу оброци, во текот на 2 недели.
  • После породување – 1 таблета дневно, помеѓу оброци, во текот на 2 недели.
  • Ендометриоза – 1 таблета дневно, помеѓу оброци, во текот на 6 месеци.
  • Простатитис – 1 таблета дневно, помеѓу оброци, за време на употреба на антибиотикот.
  • Со антибиотска терапија – 1 таблета дневно, помеѓу оброци, за време на употреба на антибиотикот.
  • Диспепсија – 1 таблета дневно, помеѓу оброци

Пакување:
15 таблети.

Заедно со BOMELINN таблети најчесто купуваат и: