Ibutop крем

230.00 ден370.00 ден

Краток опис на производот:

Ибутоп кремот го намалува воспалението и делува аналгетски – ослободува од болка предизвикана од воспаление, отоци и температура. Брзо се апсорбира во болното ткиво, го намалува воспалението и отокот и ја подобрува мобилноста многу брзо.

SKU: ibutop-krem

Детален опис на производот и употреба:

Ibutop крем – Го намалува воспалението и делува аналгетски – ослободува од болка предизвикана од воспаление, отоци и температура.

Брзо се апсорбира во болното ткиво, го намалува воспалението и отокот и ја подобрува мобилноста многу брзо.

Ибутоп крем се употребува за локален третман на ревматска болка на коскеното и мускулното (мекото) ткиво, како и при третман на не-ревматска болка:

  • Мускулен ревматизам (ревматски третман на меките ткива),
  • Болни дегеративни состојби (артроза)
  • Ревматски воспалителни состојби на зглобовите и ‘рбетот (ревматски третман на коскеното ткиво)
  • Отоци или вопспаленија на мекото ткиво околу зглобовите (бурса, воспаление на тетиви, на обвивката на тетивите, лигаментите и на зглобните капсули)
  • Вкочанетост на рамената, мијалгија, лумбаго
  • Спортски и други случајни поврди на екстремитетите како што се акутни нагмечувања (хематоми), исчашување, истегнување и оптоварување

Состав:
1 г Ибутоп крем содржи 50 мг ибупрофен (5%) во масло/вода емулзија.

Помошни супстанции: метил-4-хидрокси бензоат-натриум; триглицериди, среден ланец; глицерол моностеара, макроголстеарат 1500, макроголстеарат 5000,  пропилен гликол, ксантан гум, масло од лаванда, нероли масло (масло од цветот на горчлив портокал), вода, прочистена.

Начин на употреба:
за дермална употреба, за нанесување на кожа и постигнување локален ефект.

Лесно се нанесува, брзо се впива во кожата и има пријатен мирис.

Пакување:
50 грама и 100 грама