CleanMAX ќеси
599,00 ден
Краток опис на производот:
CleanMAX® е производ со лактитол (OsmoAid®), осмотски лаксатив наменет за регулирање на празнењето и нормалната функција на цревата.
Детален опис на производот и употреба:
Индикација:
CleanMAX ќеси / CleanMAX® е производ со лактитол (OsmoAid®), осмотски лаксатив наменет за регулирање на празнењето и нормалната функција на цревата.
Според производителот, се применува:
- при акутна опстипација
- за подобрување на цревната пасажа
- како подготовка за одредени дијагностички процедури на абдоменот, вклучувајќи ултразвучен преглед и колоноскопија.
Лактитолот го зголемува осмотскиот притисок и количеството вода во столицата, со што придонесува за полесно празнење на цревата.
Состав:
Во 2 ќесички CleanMAX® (препорачана дневна доза):
- Лактитол – 10 g
Дозирање
За возрасни:
- еднаш дневно содржината од 2 ќесички се раствора во 200-250 ml вода и веднаш се пие.
- Потоа се препорачува да се испијат уште 1-2 чаши вода.
Пакување:
10 ќесички со прашок за орална употреба, со вкус на портокал.


