Prolife суспензија

385.00 ден

Краток опис на производот:

Prolife суспензија со посебно дизајнирано шишенце содржи пет пробиотски соеви, витамини од Б групата и пребиотик (глукоолигосахарид). Се користи при дијареа и дигестивни проблеми кои најчесто се јавуваат поради стресот, неадекватната исхрана, често земање на антибиотици, покачена температура, кои можат значајно да ја нарушат рамнотежата на дигестивниот систем.

SKU: 3856013218881

Детален опис на производот:

Состав на Prolife Probiotic суспензија

Шишенце:
Глукоолисахарид, засладувач: фруктоза, арома, лимонска киселина (Е 330), конзерванси: калиум сорбат (Е 202) и натриум бензоат (Е 211)

Приготвен затворач: Bacillus coagulans (Lactobacillus sporogenes ), Lactobacillus acidophilus, Streptococcus thermophilus, Lactobacillus bulgaricus, Bifidobacterium bifidum во количина од 2,1 х 109 живи микроорганизми способни за размножвување, екстракт од квасец (Saccharomyces cerevisiae), колоиден силициум, витамин Б6 (пиридоксин хидрохлорид), витамини Б2 (рибофламин), витамин Б1 (тиамин хидрохлорид), витамин Б12 (цијанокобалмин), малтодекстрин, тринатиум цитрат (Е331), лимонска киселини (Е330)

Пакување:
7 шишенца од 10 мл со приготвен затворач, во кутија со упатство.

Како делува ПРОЛАЈФ?
Дегистивнот систем на човековиот организам содржи исклучително голем број бактерии, од кои некои се корисни, а други штетни. Нивната рамнотежа одредува бројни функции на дигестивниот систем и влијае на низа процеси во организмот. Корисните бактерии учествуваат во варењето на хранливите материи, штитат од патовени бактерии, учествуваат во синтеза на витамин К и некои витамини од Б групата.

Многубројните се студиите кои покажуваат дека стресот, неадекватна исхрана, често земање на антибиотици и покачена телесна температура можат значително да ја нарушат рамнотежата на микрофлората на дегистивниот систем што за последица може да има непријатни состојби како што се пролив, запек или надуеност, а понекогаш и сериозна инфекција.

Што е Prolife Probiotic?
Пролифе е современ регулатор на цревната микрофлора кој делува природно и нема штетни влијанија. Овој додаток на исхраната содржи пробиотик Bacillus coagulans и пребиотик глукоолигосахарид како и препорачани дози на Б витамини.
Според дефиницијата на Светската Здравствена Организација, пробиотици се живи микроорганизми, кои применувани во адекватни количини се корисни за здравјето. За разлика од пробиотици, пребитоци не се живи микроорганизми туку состојки на храната кои обезбедуваат раст и активност на цревните микроорганизми. Еднаставно кажано, тие се хранат за пробиотиците.
Истовремената примена на пробиотици и пребиотици има синергистички, односно засилен ефект и таквите препарати се нарекуваат синбиотици.
Bacillus coagulans е микроорганизам во облик на ендоспора кој е прв пат изолиран и опишан 1933 година. Со оглед на неговите својства, резистентен е на низок pH и за разлика од другите бактерии не се инактивира во желудникот па поради тоа брзо и делотворно ја подобрува состојбата на цревната микрофлора.
Глукоолигосахарид припаѓа на група шеќери со краток ланец . Дигестивниот систем на човекот не ги апсорбира и со тоа не е додатен извор на енергија. Низ дегистивниот систем поминува со непроменет облик, ги стимулира ензимските процеси во варењето на скробот, целулозните влакна и спречува нивен застој и ферментација.
Витамини од Б групата витамин Б6 (пиридоксин хидрохлорид), витамини Б2 (рибофламин), витамин Б1 (тиамин хидрохлорид), витамин Б12 (цијанокобалмин), малтодекстрин, тринатиум цитрат (Е331), лимонска киселини (Е330) се неопходни за општото здравје на нашиот организам.

Дозирање и начин на употреба
Едно шишенце дневно на гладно.
Посебниот современ систем со приготвен затворач овозможува припрема на суспезија од лиофилизиран прашок непосредно пред употреба.

  1. Завртете го затворачот десно до крај
  2. Добро промошајте ја содржината во шишенцето.
  3. Отворете го шишенцето и испијте ја содржината.

Начин на чување
Да се чува на суво место, температура до 25 степени.