Tylol hot ќесички

360.00 ден

Краток опис на производот:

Tylol hot може да се употребува за олеснување на симптомите од настинка и грип, вклучувајќи лесни до умерени болки, кашлица, течење на нос, главоболка, затнат нос, синуси и намалување на зголемена телесна температура.

SKU: 8699540001794

Производител

Nobel logo

Детален опис на производот и употреба:

Секоја ќесичка од 20г содржи:

  • 500мг парацетамол,
  • 4мг хлорфенирамин малеат,
  • 60мг псеудоефедрин HCL,
  • натриум бензоат
  • кинолин жолта како боја,
  • сахароза како засладувач,
  • прашок со вкус на лимон како ароматично средство.

Парацетамолот е лек против болка кој припаѓа во групата на неопиоидни аналгетици.
Парацетамол исто така има аналгетично и антипиретично дејство.

Хлорфенирамин припаѓа во групата на лекови наречени антихистаминици кои помагаат при ослободување на симптомите на алергија како: ринореа, назална
конгестија, црвенило и/или преосетливост на очите.

Псеудоефедрин хидрохлорид е деконгестив кој го отстранува чувството на затнат нос.

Овој лек може да се употребува за олеснување на симптомите од настинка и грип, вклучувајќи лесни до умерени болки, кашлица, течење на нос, главоболка, затнат нос и синуси и намалување на зголемена телесна температура.

Пред употреба на лекот внимателно прочитајте го упатството, бидејќи содржи
важни информации за вас.

Пакување:

1 кутија – 12 ќесички Tylol hot