Colief капки

790.00 ден

Краток опис на производот:

Colief капките се додаток во исхраната кои содржат ензим лактаза, кој нормално го има во човековиот организам и помага во разградување на лактозата.

SKU: 5017807003511

Детален опис на производот:

Colief е природен пристап кон доенечките колики, соодветен како за доенчиња, така и за бебињата на адаптирано млеко.

Colief може да се користи уште од раѓањето. Colief треба да се додава во секој оброк додека бебето наполни 3-4 месеци, По таа возраст организмот на бебето создава доволни количини лактаза па и непријатностите исчезнуваат.

Капките Колиф се додаток во исхраната кои содржат ензим лактаза, кој нормално го има во човековиот организам и помага во разградување на лактозата.

Додаден во храната на бебето ензимот лактаза помага во разградување на лактозата до едноставни и лесни за ресорпција шеќери – галактоза и гликоза и на тој начин помага во нејзиното искористување во организмот, поволно влијае на дигестивните функции на гастроинтестиналниот тракт и помага во избегнувањето на напнатоста во стомакот, а со тоа и на коликите.

Дневна доза:
зависи од честотата  на хранењето и возраста на бебето.
Ако бебето се храни 7 пати на ден се дава по 4 капки при секој оброк.
Ако бебето се храни повеќе од 7 пати, со цел да не се надмине дневната доза од 28 капки се дава по 2 капки при секој оброк.
Капките се дават разледени со неколку капки млеко.