Defendyl Imunoglukan P4H® сируп

925.00 ден

Краток опис на производот:

Defendyl Imunoglukan P4H® сирупот ја зајакнува отпорноста пред и за време на сезоната на настинки, а погоден е за повеќемесечна употреба без прекини.

SKU: 3831061005676

Детален опис на производот:

Defendyl Imunoglukan предности:

  • Погоден за повеќемесечна употреба без прекини
  • Ја зајакнува отпорноста пред и за време на сезоната на настинки
  • При зголемени потреби, дозата може двојно да се зголеми
  • Неутрален вкус
  • Едноставно дозирање во зависност од телесната тежина на детето, во прилог е и чашка за дозирање
  • Само еднаш дневно
  • Погоден и за возрасни на кои повеќе им одговара течност
  •  По првото отворање на шишенцето, може да се употребува уште 3 месеци
  • 1 шишенце (120 мл) е доволно за употреба од 1 – 2 месеци (во зависност од тежината на детето)

За поддршка на работата на имунолошкиот систем, земајте по 1 мл сируп/5 кг телесна тежина, еднаш дневно, 2 до 3 месеци.
При зголемени потреби, барем првите три дена земајте двојна доза (2 мл сируп/5 кг телесна маса) еднаш дневно, потоа продолжете со доза од 1 мл сируп/5 кг телесна маса, додека не го потрошите пакувањето.
Сирупот земајте го на празен стомак, наутро, половина час пред појадокот или навечер, пред спиење. Пред употреба, добро протресете го шишенцето.

  • Погоден за вегетаријанци и за дијабетичари
  • Не содржи алергени (млечни белковини, лактоза, глутен, јајца, риба, кикиритки, сусам, соја, ореви, целер, синап, ракови и мекотели)
  • Не содржи алкохол, вештачки засладувачи и ароми

Начин на чување на Defendyl sirup:
Чувајте го на места недостапни за децата! Чувајте го на температура од 5 до 25 °C, заштитен од влага и од директна сончева светлина.По првото отворање чувајте го производот во фрижидер на температура од 2 до 8 °C и искористете го во период од три месеци.