Детален опис на производот:
Diastop direct ќесички Состав:
ДИАСТОП Директ е пробиотски производ којшто содржи комбинација од две млечнокиселински бактерии:
- Lactobacillus rhamnosus GG (BIFOLACтм),
- Bifidobacterium animalis, SSP lactis (BL – 04)
и витамин Д3
Незаштитена трговска марка на Bifodan.
Фармацевтска форма
Микрогранули за директна примена.
Дејство:
Млечнокиселинските бактерии се вклучени во воспоставувањето и во одржувањето на рамнотежата и на функцијата на цревната микрофлора и придонесуваат за нормална работа на ензимите за варење на храната, за имунолошкиот систем и за перисталтиката на цревата.
Витаминот Д3 дополнително помага во воспоставувањето и во одржувањето на природниот баланс во цревата, овозможувајќи нормална функција на гастроинтестиналниот систем. Комбинацијата на млечнокиселински бактерии и витамин Д3 овозможува и регулација на општиот имунолошки одговор, како и модулација на локалниот имунолошки одговор.
Употреба:
ДИАСТОП Директ се користи за превенција и за дополнително лекување дијареjа, надуеност и други стомачни нарушувања кои што настануваат поради нарушување на рамнотежата на цревната микрофлора. Такви состојби се:
- бактериски и вирусни желудочно-цревни инфекции кај деца и кај возрасни (на пр. ротавирусни инфекции, пролив којшто се појавува при патување, како и при инфекција предизвикана од Helicobacter pylori);
- лекување со антибиотици со широк спектар и со хемотерапевтици.
Употребата на млечнокиселински бактерии во комбинација со витамин Д3 ефективно ја намалува честотата и сериозноста на благи до умерени дигестивни симптоми (главно дијареја) коишто настануваат поради нарушување на нормалната цревна микрофлора и ја одржува нормалната цревна перисталтика.
- Возрасни: 1 – 2 ќесички дневно.
- Деца над три години: 1 ќесичка дневно.
ДИАСТОП Директ е наменет за перорална употреба (преку уста). Содржината од ќесичката е наменета за директна употреба, не се препорачува мешање со вода или со друга течност.
ДИАСТОП Директ не содржи шеќер.
Пакување:
Кутијата содржи 10 ќесички и упатство за употреба.