Diastop probio капсули
250.00 ден
Детален опис на производот и употреба:
Состав
Diastop probio капсули е пробиотик кој содржи четири вида млечнокиселински бактерии:
- Lactobacillus acidophilus LA-5тм;
- Streptococcus thermophilus STY-31тм;
- Bifidobacterium BB-12тм;
- Lactobacillus delbrueckii LBY-27тм.
Фармацевтска форма на Diastop probio
Капсула, тврда
Дејство
Млечнокиселинските бактерии се нормално присутни во тенкото и во дебелото црево. Тие ја одржуваат кисело-базната рамнотежа која е неопходна за нормална работа на ензимите за варење на храната, за имунолошкиот систем и за перисталтиката на цревата. Дополнително го спречуваат прекумерниот раст на штетните бактерии.
Употреба
Капсулите Диастоп Пробио се користат за превенција и за дополнително лекување пролив, метеоризам (надуеност) и други стомачни нарушувања кои настануваат поради нарушување на рамнотежата на цревната микрофлора. Такви состојби се:
- бактериски и вирусни желудочно-цревни инфекции кај доенчиња, деца и кај возрасни (на пр. ротавирусни инфекции, пролив кој се појавува при патување);
- лекување со антибиотици со широк спектар и со хемотерапевтици;
- зрачење на абдоминалните и на карличните органи.
Пакување
10 капсули