Hepatrombin H супозитории за хемороиди

250.00 ден

Краток опис на производот:

Хепатхромбин Х, супозитории се користат како краткотрајна симптоматска терапија на хемороиди и јадеж во перианалниот предел (подрачјето околу отворот на чмарот).

SKU: 8600097404341

Производител

Hemofarm logo

Детален опис на производот и употреба:

Hepatrombin H супозитории за хемороиди, супозитории се користат како краткотрајна симптоматска терапија на хемороиди и јадеж во перианалниот предел (подрачјето околу отворот на чмарот).

Состав:
активна супстанција: хепарин-натриум, преднизолон ацетат и полидоканол.

Дозирање:
Хепатхромбин Х супозитории се применува еднаш на ден, после дефекација (празнење на цревата), во ректум (чмар).
Кај пациенти со поизразени симптоми во текот на првиот ден од третманот може да се аплицира по една супозиторија, 2-3 пати на ден. Повеќе супозитории смее да се применат само во текот на првиот ден од третманот и само доколку постојат поизразени симптоми кај пациентот.

Третманот со Хепатхромбин Х супозитории не треба да трае подолго од 7 дена.
Доколку во овој период не дојде до подобрување на состојбата на пациентот, треба да се направат испитувања за да се открие причината за појава на симптомите.

Пакување:
10 супозитории

Аптека ЕРИКС препорачува: