IMPRYL таблети
3,200.00 ден
3,200.00 ден
Детален опис на производот:
IMPRYL e додаток на исхраната кој содржи бетаин, цистин, цинк, ниацин, фолна киселина – methylfolate (во форма на 5MTHF-glucosamine), Витамин Б12 (во форма на Methylcobalamin), Витамин Б6 и рибофлавин.
Витамините Б6, фолатите и Б12 придонесуваат за нормалниот хомоцистеински метаболизам, а витамините Е и Б2 помагаат во антиоксидативната заштита на клетките. Цинкот ја штити клеточната структура од оксидативни оштетувања, помага во синтезата на ДНК и нормалната фертилност и репродукција.
Хранливите супстанции содржани во Impryl се познати како дел од нормалниот метаболизам и може да бидат од корист во случај на апсолутен (ниска содржина при диети) или релативен (зголемена потреба) недостаток. Овие недостатоци може да се јават при променет хомоцистеински метаболизам и други нарушувања на антиоксидативната одбрана и често се забележани кај:
Згора на тоа, истите нарушувања се поврзани и со дислипидемиа и кардиоваскуларни болести. Поради тоа што во целост ги задоволува сите потреби за фолати/ хомоцистеински циклус, Impryl®е идеален суплемент и за двата партнера пред зачнувањето, како и суплемент за бремени жени во текот на бременоста.
Треба да се нагласи дека нарушувањата на хомоцистеинскиот метаболизам и на оксидативната заштита може почесто да се јави кај лица со дефектна генетска варијација на еден од главните ензими на хомоцистеинскиот метаболизам, вклучително и на оние кои се деноминирани MTHFR, MTRR, BHMT и CBS. Impryl® е така формулиран, да ги компензира овие дефекти со обезбедување на веќе активирани субстрати (на пр. метилфолат за MTHFR и метил кобаламин за MTRR) или со обезбедување на вишок на субстрат (на пр. бетаин за BHMT) или со достава на готов субстрат за генетска блокада (на пр. цистеин за CBS). На тој начин, Impril ќе достави ефикасна диететска поддршка за секого, независно од генетскиот субстрат за споменатите ензими.
Упатство за употреба
Препорачаната дневна доза е 1 таблета дневно која треба да се проголта со малку вода, по можност меѓу оброците. Земањето на помала доза не гарантира потполно задоволување на дневните потреби на сите сотојки.
Impryl® e надополнување на балансирана диета и нема фиксно времетраење на таквата поддршка.
Сепак, мажите и жените со репродуктивни проблеми треба да имаат предвид дека за комплетирање на процесот на матурацијата на гаметите потребни се околу 4 месеци. Лицата со проблеми со хомоцистеинскиот метаболизам треба да имаат предвид дека ефективна поддршка ќе имаат, сé додека го земаат производот.
Аптека ЕРИКС препорачува: