INNOPEA FORTE ќесички
920,00 ден
Краток опис на производот:
INNOPEA FORTE ќесички – патентирана формулација придонесува за намалување на интензитетот на акутната болка при тензиони главоболки, стимулирање на имунолошкиот систем и побрзо закрепнување на телото.
Детален опис на производот и употреба:
INNOPEA FORTE ќесички – Единствена формулација за третман на болка и воспаление.
INNOPEA® FORTEпретставува додаток на исхрана со палмитоилетаноламид и витамини од Б групата кои придонесуваат за нормална функција на нервниот и имунолошкиот систем, нормална психолошка функција, како и во намалување на заморот и исцрпеноста.
INNOPEA® FORTE благодарение на специфичната патентирана формулација придонесува во намалување на оксидативниот стрес кај хронични болни и воспалителни состојби, стимулација на имуниот систем и побрзо закрепнување на организмот.
Состав:
Активни состојки: 1 ќесичка (2g)
- Levagen® 525 mg (од кои палмитоилетаноламид 472.5 mg)
- Витамин Б1 (тиамин-хидрохлорид) 0,55 mg
- Витамин Б6 (пиридоксин-хидрохлорид) 0,70 mg
- Витамин Б12 (метилкобаламин) 1,25 μg
Терапевтски ефекти:
- Редукција на акутни и хронични воспаленија
- Намалување на интензитетот на акутна и хронична невропатска болка
- Регулација на имуниот одговор
- Заштита на нервниот систем
- Оптимизација на когнитивните функции
- Подобрување на квалитетот на живот
Зошто INNOPEA®FORTE?
- Ефикасно го намалува интензитетот на акутна и хронична болка и воспаление
- Уникатниот фармацевтски облик обезбедува брз почеток на дејство
- Помала доза остварува подобар терапевтски ефект
- Го штити нервниот систем и го подобрува квалитетот на живот
- Добро се поднесува, без несакани ефекти
- Комфорна примена, 1-2 ќесички дневно
Индикации:
INNOPEA® FORTE е корисна во намалување на симптомите кај заболувања кои се проследени со невропатска болка, невроинфламација и невродегенерација.
- Болни и воспалителни состојби на периферен и централен нервен систем
- Невродегенеративни болести
- Невропатска или мешана болка предизвикана од канцер и хемотерапија
- Хронични инфламаторни и дегенеративни заболувања
- Нарушувања на спиењето
Начин на употреба:
Возрасни:
Растворете ја содржината од ќесичката во чаша вода и испијте ја, или содржината од ќесичката растопете ја директно во уста, без додавање на течности, наутро и навечер во првите 15 дена. После тоа, да се продолжи со употреба на една ќесичка, еднаш дневно.
Пакување:
7 ќесички со засладувач и арома на малина.


