Детален опис на производот:
Forvita Anti-stress tableti Mg + B6 Идеална комбинација за ослободување од стрес и напнатост
Се препорачува при:
- стрес
- намален имунитет
- зголемена физичка или психичка активност
- зголемена иритабилност
- небалансирана исхрана (еднолична исхрана, диети)
- честа употреба на лекови за регулирање на столицата (лаксативи)
- нередовен начин на живот (пушење, прекумерно пиење алкохол, кафе, чај)
- лошо расположение и несоница
- проблеми со концентрацијата и помнењето
- мускулни грчеви
- пред-менструален синдром
Магнезиум
Минерал од витално значење, кој организмот не може сам да го синтетизира. Неопходен е за нормален клеточен раст, снабдување на клетките со енергија, активацијата на бројни ензими, правилно функционирање на нервниот, мускулниот систем, срцето и коските (ги помага процесите на формирање и ресорпција на коските).
Знаци на недостаток на магнезиум:
- брзо заморување
- грчеви на мускулите под коленото
- кардиоваскуларни нарушувања
- депресија, безволност
Витамин Б6 – неопходен за протеинскиот метаболизам на клетките, нормално функционирање на нервниот и имуниот систем, создавање на хемоглобинот во црвените крвни клетки.
Магнезиум и витамин Б6 се идеална комбинација бидејки кога се земаат заедно апсорпцијата на магнезиум е многу подобра.
СОСТАВ
1 филм-обложена таблета содржи: 50 mg магнезиум во форма на магнезиум лактат и 2 mg витамин Б6
ДОЗИРАЊЕ
Деца над 14 години и возрасни: 1-3 филм-обложени таблети на ден.
Во тек на бременост и доење: 1 филм-обложена таблета на ден.