MERALYS HA спреј за нос

260.00 ден

Краток опис на производот:

Meralys HA спрејот за нос содржи ксилометазолин хлорид кој помага во стеснување на крвните капилари во носот, а со тоа го намалува и отокот на слузницата на носот.

SKU: 3856013219741

Производител

Jadran galenska laboratorija logo

Детален опис на производот и употреба:

Meralys HA  спрејот за нос припаѓа во групата на лекови деконгестиви и други препарати за нос за локална примена, симпатомиметици. Содржи ксилометазолин хлорид кој помага во стеснување на крвните капилари во носот, а со тоа го намалува и отокот на слузницата на носот. Meralys HA растворот исто така содржи хијалуронска киселина (во облик на натриум хијалуронат) која ја штити и влажни слузницата на носот. Се користи за намалување на отокот на слузницата на носот предизвикани од воспаление на слузницата на синусите (синузитис) или воспаление на слузницата на носот (ринитис).

Состав:
1ml раствор содржи 1mg ксилометазолин хидрохлорид.