Mucoplant сируп од бршлен

230.00 ден325.00 ден

Краток опис на производот:

Сирупот Mucoplant бршлен е хербален лек кој се употребува за искашлување во случај на продуктивна кашлица кај возрасни, адолесценти и кај деца постари од 2 години.

SKU: mucoplant-brslen

Производител

Dr.Theiss logo

Детален опис на производот и употреба:

Dr. Theiss Mucoplant сируп од бршлен содржи сув екстракт од лист од бршлен.

Сирупот Мукоплант бршлен е хербален лек кој се употребува за искашлување (експекторанс) во случај на продуктивна кашлица кај возрасни, адолесценти и кај деца постари од 2 години.

Советувајте се со лекар доколку не се чувствувате подобро или се чувствувате полошо после 7 дена од употребата на лекот.

Содржина на пакувањето и дополнителни информации.

Што содржи сирупот Мукоплант бршлен

  • Активна супстанција е сув екстракт од лист од бршлен. Секој 1 ml сируп содржи 1.54 mg екстракт (сув екстракт) од Hedera helix L. folium (лист од бршлен) (DER 4 – 8 : 1). Средство за екстракција: етанол 30 % (m/m).
  • Помошни супстанции се:  калиум сорбат; хидроксиетил целулоза; арома, црна рибизла; малтитол, раствор (Е 965); анхидрид на лимонска киселина; вода, прочистена.

Како изгледа сирупот Мукоплант бршлен и содржина на пакувањето

Сирупот Мукоплант бршлен е кафеавкасто-жолт, малку заматен сируп за перорална употреба, со карактеристичен мирис (рибизла).

Достапни се пакувања од  100 ml и 250 ml сируп во темнo стакленo шише со приложена одмерна чаша.

Начин на издавање
Производот се издава во аптека без рецепт.

Пакување:
100мл и 250мл