OLYNTH спреј за нос

280.00 ден

Краток опис на производот:

Olynth Nasal Spray Спреј за нос, раствор со 1 мг/мл ксилометазолин се користи за олеснување на симптомите кај затнат нос и е погоден за возрасни и деца над 12 години.

SKU: 8606102804960

Детален опис на производот и употреба:

Olynth Nasal Spray Спреј за нос, раствор со 1 мг/мл ксилометазолин.

  • За олеснување на симптомите кај затнат нос
  • За возрасни и деца над 12 години

Состав:
Активни супстанции: ксилометазолин хидрохлорид. 1 мл раствор содржи 1 мг ксилометазолин хидрохлорид. Една доза од спреј (140 микролитри) содржи 0,140 мг ксилометазолин хидрохлорид.

Останати состојки: раствор на бензалкониум хлорид, динатриум едетат, натриум хлорид, динатриум фосфат дихидрат, натриум дихидроген фосфат дихидрат, сорбитол 70% (некристализирачки), вода – прочистена.

Содржи активна супстанција ксилометазолин која ги стеснува крвните садови а со тоа го намалува отокот на носната слузница.

Се применува за олеснување на симптомите на назална конгестија предизвикана од

  • Воспаление на носната слузокожа (хроничен и алергиски ринитис, како и поленска треска)
  • Синузитис – воспаление на мукозата на синусите

Употреба:
возрасни и деца постари од 12 години три пати на ден по една доза назален спреј во секоја ноздра, максимално времетраење на терапијата е 7 дена. Лекот не е наменет за деца под 12 години.

Од хигиенски причини и за да се спречи ширење на инфекции, едно пакување спреј треба да се користи само за 1 лице.

Мерки на претпазливот:
Внимателно прочитајте го упатството пред да започнете со употреба на овој лек, бидејќи содржи информации кои се важни за Вас. Секогаш употребувајте го овој лек точно како што е наведено во ова упатство или како што ви е објаснето од Вашиот лекар или фармацевт. Не ја надминувајте препорачаната доза и времетраењето на апликацијата! Доколку заборавите да го нанесете лекот Olynth спреј за нос, никогаш не земајте двојна доза за да го надоместите прескокнувањето на лекот туку продолжете со третманот како што е опишано во упатствата за дозирање.

Доколку имате дополнителни прашања или ви треба совет, прашајте го Вашиот фармацевт. Доколку добиете какви било несакани ефекти, разговарајте со Вашиот лекар или фармацевт. Доколку не се чувствувате подобро па дури и полошо по 7 дена, мора да се консултирате со Вашиот лекар. Кажете му на Вашиот лекар доколку земате други лекови, имате хронично заболување, имате метаболичко нарушување, преосетливи сте на лекови или сте имале алергиски реакции на некои од нив.

Olynth, 1 мг/мл назален спреј не треба да се користи:

  • Доколку сте алергични (преосетливи) на активната супстанција или на некој од ексципиенсите на овој лек
  • Доколку имате суво воспаление на носната слузница со формирање краста (rhinitis sicca)
  • По неврохируршки интервенции низ носната празнина (трансфеноидна хипофисектомија)
  • Други операции во кои е изложена цврстата мозочна обвивка (дура матер)
  • Поради содржината на бензалкониум хлорид како конзерванс Olynth назален спреј не треба да се користи во случај на преосетливост на оваа супстанца

Пациентите со глауком, особено глауком со затворен агол, треба да се консултираат со лекар пред да користат лекови за кивавица со ксилометазолин.

Olynth назален спреј треба да се користи само по внимателна евалуација на придобивките и ризиците кај пациентите:

  • Третирани со инхибитори на моноамин оксидаза (МАО инхибитори, на пр. транилципромин и моклобемид кои се користат во третман на депресија) и други лекови кои можат да го зголемат крвниот притисок и може да предизвикаат зголемување на крвниот притисок поради ефекти врз срцето и циркулацијата на крвта
  • Со зголемен интраокуларен притисок, особено кај глауком со затворен агол
  • Со тешки кардиоваскуларни заболувања (на пр. долг QT синдром, кардиоваскуларни заболувања, хипертензија)
  • Со тумор на надбубрежните жлезди (феохромоцитом)
  • Со метаболички нарушувања (на пр. зголемена функција на тироидната жлезда, дијабетес)
  • Со зголемување на простатата

Треба да се избегнува долготрајна употреба и предозирање, особено кај децата.

Долготрајната употреба и предозирање со овој лек може да доведе до реактивна хиперемија на носната слузница. Несаканиот ефект може да доведе до опструкција на дишните патишта, што доведува до тоа пациентите повторно да го користат лекот, па дури и постојано. Ова дополнително може да доведе до хроничен оток (медикаментозен ринитис), па дури и до атрофија на носната слузница (озена). Во поблаги случаи, може да се размислува за прекин на лекот прво во едната ноздра, а по исчезнувањето на симптомите, во другата ноздра, со цел да се одржи барем делумно назалното дишење.

Спреј за нос Olynth содржи бензалкониум хлорид како конзерванс. 1 мл раствор за назален спреј содржи 0.4 мг раствор на бензалкониум хлорид. Бензалкониум хлорид како конзерванс може да ја иритира носната слузница.

Доколку сте бремени или доите, мислите дека можеби сте бремена или планирате да имате бебе, прашајте го Вашиот лекар или фармацевт за совет пред да го земете овој лек. Olynth назален спреј не треба да се користи за време на бременоста, бидејќи нема доволно податоци за неговата употреба кај трудници и не треба да се користи за време на доењето, бидејќи не е познато дали активната супстанција ксилометазолин се излачува во мајчиното млеко.

Чувајте го лекот подалеку од дофат на деца. Да се чува на температура под 25°С. Рок на употреба по првото отворање: 12 недели.

Пакување:
10 мл.