Parusan шампон против опаѓање

690.00 ден

Краток опис на производот:

Parusan шампон против опаѓање делува директно против опаѓање на косата и го јакне влакното по целата должина, од коренот до врвовите.

SKU: 4016369726051

Производител

Dr.Theiss logo

Детален опис на производот и употреба:

Parusan шампон против опаѓање делува директно против опаѓање на косата и го јакне влакното по целата должина, од коренот до врвовите.
Кај жените вообичаено настапува дифузна алопеција, со рамномерно губење и проретчување на косата на целата површина од скалпот.

Причините за алопеција кај жените се најчесто:

  • хормонален дисбаланс во и после бременост
  • хормонален дисбаланс во менопауза
  • употреба на одредени лекови (антидепресиви, контрацептиви, антихипертензиви)
  • одредени патолошки состојби со раст на андрогени хормони (полицистични јајници , нарушена функција на тиреоидната жлезда итн.)
  • стрес
  • агресивни третмани за коса, фарбање и сл.

Парусан содржи високовредни компоненти:

  • АКТИВНА супстанца (AnaGain™) – (Advanced Ingredient Award 2014 –Beyont Beauty Lab- Paris) базирана на екстракт од никулци од грашок, која ја продолжува фазата на раст за сметка на фазата на одмор
  • Растителни екстракти од пченица, хмељ, цвет од камилица , невен, босилек
  • PEG-40 хидрогенизирано рицинусово масло – поттикнува циркулација во фоликулите на влакното и го забрзува растот на косата
  • L-Аргинин – стимулира микроциркулација и подобар трансфер на хранливите материи во фоликулите
  • Биотин ( витамин Б7) – поттикнува создавање на кератин
  • Витамин Е – антиоксиданс кој ја штити кожата на главата од штетните ефекти на УВ зрачење, ја подобрува циркулацијата и на косата и дава сјај
  • Пантенол ( витамин Б5 )

Начин на употреба:
Се нанесува на влажна коса, нежно се масира со врвовите на прстите и се остава да делува 2-3 минути, а потоа се измива со вода.
За секојдневна употреба. Првите резултати се видливи после 3 месеци редовна употреба на Парусан линијата.