PoxClin пена за сипаници

635.00 ден

Краток опис на производот:

PoxClin пената за сипаници е иновативна пена со ефект на ладење за нега на кожата кај деца со овчи сипаници.

SKU: 3831061009278

Детален опис на производот:

PoxClin пена за сипаници – Иновативна пена со ефект на ладење за нега на кожата кај деца со овчи сипаници

PoxClin® пената за ладење е медицински производ, од природни состојки како што се Aloe barbadensis и камилица, а наменет е за нега на детската кожа со овчи сипаници. Колку што знаеме, најчеста тегоба кај овчите сипаници е јадежот кој предизвикува чешање кое пак може да предизвика дополнителни компликации или трајни лузни, така да лекувањето првенствено е насочено кон спречување на чешањето.

Што содржи PoxClin® пената за ладење?
PoxClin® пената за ладење содржи природни состојки како екстракт од Aloe verа (aloe barbadensis), камилица и лаванда, што ја прави безбедна за примена кај деца. Содржи разладувачки состојки и навлажнувачи кои ја ладат и навлажнуваат детската кожа зафатена со овчи сипаници.

Како делува производот?
PoxClin® пената за ладење содржи комлекс 2QR, патентиран инхибитор на бактерии кој е изолиран од растението Aloe barbedensis. 2QR ги спречува бактериите со создавање на физичка бариера помеѓу бактериите и кожата. На тој начин го спречува размножувањето на бактериите на кожата и појава на бактериска инфекција. Со намалување на можноста за инфекција, PoxClin® пената за ладење овозможува природен процес на зараснување и спречува појава на лузни поради чешањето.

Како се употребува PoxClin® пената за ладење?
Советуваме нанесување најмалку три пати на ден или кога има потреба од ублажување на симптомите.

PoxClin® пената за ладење е лесна и мека, и може безболно да се нанесе и на поголема површина на кожата. Потребно е пената лесно да се втрие во кожата што доведува до ефект на ладење. За да се постигне поголем ефект на ладење се препорачува да се чува PoxClin® пената во фрижидер.

Пакувањето содржи 100 мл PoxClin® пена за ладење.