REMIG спреј

450,00 ден

Краток опис на производот:

REMIG спреј – Хипертоничното дејство на Ремиг спрејот веднаш ја повлекува течноста присутна во мукозните ткива, создавајќи нејзин надворешен проток. Ова механичко дејство помага да се одвојат и издренираат специфичните супстанции кои се вклучени во предизвикувањето на мигренозните напади, како CGRP и други инфламаторни протеини (интерлеукин 6 и 12) присутни на носната површина.

SKU: 3760076741760

Производител

ReplekFarm logo

Детален опис на производот и употреба:

Replek Ремиг спреј

  • Течност која создава филм облога на носната слузница за превенција на мигрена
  • Кога Ремиг спрејот се распрскува врз површината на носната слузница, производот создава заштитен осмотски полимерен филм
  • Хипертоничното дејство на Ремиг спрејот веднаш ја повлекува течноста присутна во мукозните ткива, создавајќи нејзин надворешен проток. Ова механичко дејство помага да се одвојат и издренираат специфичните супстанции кои се вклучени во предизвикувањето на мигренозните напади, како CGRP и други инфламаторни протеини (интерлеукин 6 и 12) присутни на носната површина
  • Осмотскиот филм на Ремиг спрејот делува локално, механички, без да се апсорбира и делува во период од 4 до 6 часа по секое нанесување
  • Клиничките резултати покажуваат дека редовната употреба на ремиг спреј значително ја намалува зачестеноста и интензитетот на мигренозните напади и го подобрува квалитетот на живот

Состав:
вода, глицерол (9.10%), комбинација од Аcacia гума и Xanthan гума, Migcyanidin: мешавина од екстракти од Salix alba, Curcuma longa, Vitis vinifera, Mentha piperita и Tanacetum parthenium; калиум сорбат, натриум бензоат, лимонска киселина.

Начин на употреба: употребете 2-3 пати на ден

  • Темелно исчистете го носот пред употреба на производот
  • Протресете го шишенцето
  • Отстранете го заштитното капаче
  • Пред употреба испрснете од спрејот во воздух
  • Ставете го врвот на распрскувачот во едната ноздра, притиснете го распрскувачот и аплицирајте 2 распрскувања во секоја ноздра, со благо вдишување
  • Исчистете го врвот на распрскувачот со чисто марамче и затворете го шишенцето со капачето после секоја употреба

Мерки на претпазливост:
производот да се чува надвор од вид и дофат на деца. Производот е наменет само за локална назална употреба. Пред употреба внимателно прочитајте го внатрешното упатство и придржувајте се до наведениот начин на употреба. Измијте ги рацете пред и после употреба. За да се намали ризикот од вкрстена инфекција, спрејот мора да се употребува само од еден пациент. Ремиг спрејот не е токсичен доколку случајно се проголта. Избегнувајте контакт со очи. Во случај на контакт, исплакнете со доволна количина вода. Да не се употребува по истекот на рокот, не повеќе од 30 дена после првото отворање или доколку шишенцето е оштетено. Производот може да предизвика значително течење на носот 10-15 минути од употребата. Избегнувајте силно да го дувате носот и вишокот избришете го со чисто марамче. После континуирана употреба од 30 дена, потребно е да направите прекин на третманот во период од најмалку 4 дена. Проверете го составот на производот и не го користете доколку сте осетливи или алергични на некоја од состојките. Иако сите состојки користени за подготовка на овој производ потекнуваат од хранливи состојки и се во мали количини, поради немање на доволно специфични податоци за безбедност од употребата, производот да не го користат бремени жени или доилки без претходна консултација со лекар или деца на возраст под 12 години. Производот да не го користат пациенти алергични на салицилати. Да се чува на температура до 25°C (да не се чува во фрижидер или замрзнувач).

Пакување:
15 мл.

Заедно со REMIG спреј најчесто купуваат и: