Rheostop R таблети

295.00 ден

Краток опис на производот:

Rheostop R таблетите се користат за cимптоматски третман на акутна дијареа. Ги намалува симптомите на дијареа веднаш.

SKU: rheostop-r-tableti

Детален опис на производот и употреба:

Rheostop R ја прави покохезивна цврстината на столицата и го намалува времето на дефакација.

Лоперамид хидрохлорид е индициран за симптоматски третман на акутна и некрвава дијареа.

Овој лек содржи 4,60 mg аспартат во секоја ородисперзибилна таблета. Аспартатот е извор на фенилаланин. Може да биде штетен доколку имате фенилкетонурија (ФКУ), ретко генетско нарушување во кое се акумулира фенилаланин бидејќи телото не може нормално да се ослободи од него. Овој лек содржи помалку од 1 mmol натриум (23 mg) по таблета, така што може да се каже „без натриум“.

Rheostop R е производ наменет за возрасни и деца над 12 години.

Состав:
Активната супстанција е лоперамид хидрохлорид (loperamide HCl). Секоја ородисперзибилна таблета содржи 2 mg лоперамид хидрохлорид. Останатите состојки се кросповидон, натриум бикарбонат, анитол, повидон, безводна лимонска киселина, микрокристална целулоза, етил целулоза, аспартат, вкус на портокал и магнезиум стеарат.

Начин на употреба

  • 2 таблети (4 мг.) после првото дијареално празнење.
  • 1 таблета (2 мг.) после секое наредно дијареално празнење.
  • Максимална дневна доза: 4 таблети (8 мг.) во период од 24h.

Пакување:
6 таблети

Аптека ЕРИКС препорачува: