SYNERGY Synfoline капсули

Original price was: 500,00 ден.Current price is: 475,00 ден.

Производ на попуст!

Краток опис на производот:

SYNERGY Synfoline е фолна киселина или витамин Б9 кој е неопходен витамин за секој поединец за нормално здравје и живот а особено се препорачува доколку жената е бремена или планира да остане бремена.

SKU: synergy-synfoline-kapsuli

Производител

Synergy logo

Детален опис на производот и употреба:

SYNERGY Synfoline – БЕЗБЕДНА БРЕМЕНОСТ И ЗАШТИТА НА ПЛОДОТ

  • Фолната киселина или витамин Б9 е неопходен витамин за секој поединец за нормално здравје и живот а особено се препорачува доколку жената е бремена или планира да остане бремена. Фолната киселина е значајна за многу важни процеси во нашиот организам, а посебно при делба, диференцијација и раст на клетките на ембрионот и фетусот.
  • Важна е за синтеза на ДНК и за функционирање на клетките во организмот. Има улога во метаболизмот на нервните клетки, а заедно со витаминот Б12 е неопходна за создавање на црвените крвни клетки.
  • Исто така има значајна улога во конверзија на аминокиселините кои му се неопходни на нашиот организам, учествувајќи во намалување на нивото на хомоцистеинот во крвта.
  • Зголемено ниво на хомоцистеин доведува до појава на зачепување на крвните садови делувајќи тромбогено. Јодот  придонесува за нормална когнитивна и невролошка функција на организмот и учествува во производството на тиреоидните хормони и нормална функција на тиреоидната жлезда.

Дејство на Synfoline (Метил фолат 400mcg + јод 100mcg)

  • Фолната киселина кај бремените жени се употребува за нормален раст и развој на плодот, и тоа: во периодот пред бременоста, во текот на бременоста и во тек на доењето на бебето. Фолната киселина делува врз развојот на нервниот систем на плодот, превенирајќи 50 до 70% од појавата на дефекти на невралната цевка кај плодот.
  • Дефекти на невралната цевка се сериозни вродени аномалии на ’рбетниот мозок (како што е spina bifida) или аномалии на главата и централениот нервен систем (аненцефалија кај плодот).
  • Невралната цевка на плодот се затвора до 28-миот ден од бременоста, кога е можно и самата трудница сè уште да не знае дека е бремена Затоа е значајно жените кои планираат да останат бремени, да го отпочнат внесот на фолна киселина три месеци пред и минимум во тек на првите 12 недели од гестацијата.

Внесувањето на фолна киселина не е неопходен само кај бремените жени. Нејзиниот внес преку суплементи, поволно делува на организмот и кај други здравствени состојби:

  • анемија,
  • болести на срцето и крвните садови,
  • покачен притисок,
  • депресија,
  • неплодност,
  • неврози,
  • несоница,
  • пад на имунитетот,
  • проблеми со метаболизмот,
  • инфекции,
  • слабо помнење,
  • стрес
  • хроничен замор.

Недостатокот на фолна киселина најчесто се појавува кај луѓето кои имаат проблеми со дигестивниот систем, бубрезите, црниот дроб или што консумираат алкохол.

SYNERGY Synfoline (Метил фолат 400mcg + јод 100mcg) содржи биолошки активна природна форма на фолат кој се користи за нормална клеточна делба и синтеза на невротрансмитери и ДНК. Предноста на употребата на метил фолат е дека тој навлегува во крвно мозочната бариера, каде што помага во одржување на невролошкото здравје и неговата максимална биорасположливост во споредба со фолната киселина.

Предности на SYNERGY Synfoline (Метил фолат 400mcg + јод 100mcg)

  • Природен облик со супериорна биорасположливост
  • Навлегува во крвно мозочната бариера

Состојка Количина:

  • Methyl folate (L-5-Methyltetrahydrofolate calcium) – 400 mcg
  • Iodine (Potassium Iodide) – 100 mcg

Дозирање – Една капсула на ден

Пакување:
60 капсули

Заедно со SYNERGY Synfoline капсули најчесто купуваат и: