The Ordinary дневен сет
1.719,00 ден
Краток опис на производот:
The Ordinary The Daily Set дневен сет за секојдневна употреба
Детален опис на производот и употреба:
The Ordinary The Daily Set дневен сет за секојдневна употреба:
- The Ordinary Squalane Cleanser Хидратантна емулзија со сквален
Хидратантната емулзија со сквален комплетно ја чисти кожата, ја отстранува шминката истовремено одржувајќи ја хидратацијата.
Пакување:
50 мл.
- The Ordinary Hyaluronic Acid 2% + B5 Серум со 2% хијалуронска киселина и Б5
Серумот со хијалуронска киселина 2%+ Б5 претставува формулација на база на вода која содржи три вида на хијалуронска киселина со различни молекуларни маси и хијалуронски вкрстен полимер кој овозможува површинска и длабинска хидратација на кожата. Витаминот Б5 овозможува дополнителна површинска хидратација. Серумот покрај хидратација, спречува појава на фини линии и брчки.
Пакување:
30 мл.
- The Ordinary Natural Moisturizing Factors + HA Природни навлажнувачки фактори + хијалуронска киселина
Природните навлажнувачки фактори + хијалуронската киселина помагаат да се зачува хидролипидниот слој на кожата. NMF се состои од 11 аминокиселини, масни киселини, триглицериди, уреа, церамиди, фосфолипиди, глицерин, сахариди, натриум pca и хијалуронска киселина. Нивната улога е да го остават површинскиот слој на кожата заштитен и хидриран, без масен сјај.
Употреба:
- Нанесете ја хидратантната емулзија на дланките, тријте додека не се претвори во масло. Масирајте на суво лице и исплакнете со вода
- Нанесете неколку капки серум за лице наутро и навечер на чиста кожа
- Нанесете го хидратантниот крем на лицето со кружни движења
Рок на употреба после прво отварање:
6 месеци.
Пакување:
30 мл.


