Uroial ќеси

965,00 ден

Краток опис на производот:

Uroial™ е производ со комбинација од D-маноза, брусница стандардизирана на проантоцијанидини (PAC), хондроитин сулфат, хијалуронска киселина и витамин C, наменет како дополнителна поддршка кај акутни и повторувачки инфекции и воспаленија на уринарниот тракт.

SKU: uroial-kesi

Детален опис на производот и употреба:

Uroial ќеси / Uroial™ ќеси

Индикација:
Uroial™ е производ со комбинација од D-маноза, брусница стандардизирана на проантоцијанидини (PAC), хондроитин сулфат, хијалуронска киселина и витамин C, наменет како дополнителна поддршка кај акутни и повторувачки инфекции и воспаленија на уринарниот тракт.

Според производителот, се применува:

  • како дополнителна поддршка при циститис, вклучително и покрај антибиотска терапија
  • кај лица склони кон чести уринарни инфекции
  • за поддршка и заштита на уротелот и слузницата на уринарниот тракт.

Состав:
Во 2 ородисперзибилни ќесички (дневна доза):

  • D-маноза – 1000 mg
  • S&R PAC™ – 250 mg
  • мешавина од прав од плод и екстракт од брусница (Vaccinium macrocarpon)
  • од кои проантоцијанидини (PAC) – 72 mg
  • Хондроитин сулфат – 200 mg
  • Витамин C – 120 mg
  • Хијалуронска киселина – 100 mg

Производот не содржи глутен и лактоза.

Контраиндикација:

  • Да не се употребува во случај на позната преосетливост на која било од состојките.
  • Производот содржи полиоли и прекумерната употреба може да предизвика лаксативно дејство.
  • Производот може да се употребува и во текот на бременоста.

Дозирање:

Како дополнителна поддршка при циститис:
2 ќесички дневно, директно да се растворат во устата во тек на 7 дена, а потоа 1 ќесичка дневно најмалку уште една недела.

Кај лица склони кон повторувачки уринарни инфекции:
1 ќесичка дневно, директно да се раствори во устата, најмалку 14 дена.

Пакување:
14 ородисперзибилни ќесички.

Заедно со Uroial ќеси најчесто купуваат и: