Vegan Citrus Bioflavonoids таблети
1.100,00 ден
Детален опис на производот и употреба:
Health Aid Vegan Citrus Bioflavonoids 1000mg tab.
Цитрус биофлавоноидите се природни супстанции кои во поголема количина се застапени во цитрусните плодови. Ги има преку 2000, но во најголеми концентрации се застапени хесперидин, диосмин, рутин, кверцетин, но и биофлавоноиди како нарингин, мандарин, и многу други.
Цитрус биофлавоноидите, особено хесперидин, имаат флеботропно дејство. Можат да го забрзаат заздравувањето на венските улцери и да подобрат многу од симптомите на хронична венска инсуфициенција. Цитрусните биофлавоноиди можат да ја намалат фреквенцијата, времетраењето и интензитетот на симптомите на акутни хемороиди, како и намалување на тежината на симптомите кај хронични хемороиди.
Состав (30 т):
Bioflavonoids 1000mg
Дозирање:
- Возрасни и деца над 12 год. 1×1
Цитрус биофлавоноиди 1000 мг
Состав:
1 таблета содржи: Цитрус биофлавоноиди 1000 мг, средство за волумен (ди-калциум фосфат, средство за сврзување (акација гума), средство против стврднување (раст. стеарична киселина, раст. магнезиум стеарат).
Не содржи квасец, глутен, пченица, соја, млечни производи, шеќер, сол, вештачки бои, конзерванси и ароми.
Алергена информација:
Нема.
Дозирање и начин на употреба:
Возрасни и деца над 12 години една таблета дневно. Да не се надминува препорачаната дневна доза доколку не е препорачано од соодветно квалификувано лице.
Мерки на претпазливост:
Додатоците на исхраната не треба да се користат како замена за разновидна исхрана.
Начин на чување:
на суво место, на собна температура. Да се чува подалеку од дофат на деца!
Производител и земја на потекло:
HealthAid Ltd, Велика Британија.
Пакување:
30 таблети


